Никаб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никаб, Јемен
Жени во Турција под Никаб
Никаб, Калифорнија

Никаб (арапски نقاب‎‎ „вел или маска") е ткаенина со која некои арапски жени првенствено со исламска вероисповед го прекриваат лицето.

По правило се изработува од црна ткаенина. Никаб треба да се разликува од останатите муслимански женски носии, на пример од бурка која за разлика од никабот го покрива целото тело, а не само лицето. Никаб е најраспространет во земјите од [[Арапски Полуостров] Арапскиот Полуостров)], како што се Саудиска Арабија, Јемен, Катар, Кувајт, Оман, Бахреин и Обединети Арапски Емирати.

Потекло[уреди | уреди извор]

Се смета дека носењето на вел на лицето потекнува од Византиското царство, а станало дел од исламската култура при арапско освојување на Блискиот Исток.[1]

Никаб во исламот[уреди | уреди извор]

Според законите на Шеријатот, жените се обврзани да носат само хиџаб, кој за разлика од никаб ја покрива само косата. Јусуф Карадави, исламски теолог, смета дека носењето никаб не е задолжителен ниту пожелен начин на облекување на жени од исламска вероисповед. Објаснување за носење на никаб, потекнува од Коранот. Познато е дека Мухамед имал многу жени, кои морале да се покриваат во присуство на мажи кои не ги познавале. Меѓутоа Коранот особено наведува дека жените на пророкот Мухамед имале поинаков стандард во однос на другите муслиманки.[2]

Принудување, контроверзии и забрани[уреди | уреди извор]

Покривањето на лицето за време на [[Талибани] талибански]]те окупации на Авганистан било задолжително, а секоја непослушност била строго казнувана. Во Саудиска Арабија сите муслиманки морале да носат вел преку лицето во светите места како што се Мека и Медина. Во 2008 година верскиот поглавар на Мека, Мухамед Хабадан ги повикал жените да носат вел кој ќе им го открива само едното око, за да останатите муслиманки бидат обесхрабрени и да престанат да се шминкаат.[3]

Во многу земји постои забрана за носење на никаб или бурки на јавни места. Во СФРЈ било забрането носење на никаб или присилување на жените да го носат со цел еднаквост помеѓу мажите и жените.[4]. На 24 април, 2010 година белгиските власти го усвоиле законot со кој се забранува носење на каква било прекривка на лицето која би го направила лицето непрепознатливо. Иако овде не се споменувале бурка и никаб, овој закон практично ги забранува во јавноста. На 13 јули 2010 година францускиот парламент исто така вовел забрана за носење на исламски прекривки кои го сокриваат лицето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. See for instance F.R.C. Bagley, "Introduction", in B. Spuler, A History of the Muslim World. The Age of the Caliphs, 1995, X; for a different view T. Dawson, "Propriety, practicality and pleasure : the parameters of women's dress in Byzantium, A.D. 1000-1200", in L. Garland (ed.), Byzantine women: varieties of experience 800-1200, 2006, 41-76.
  2. Understanding the Face Veil, Посетено на 15. 4. 2013.
  3. BBC NEWS | Middle East | Saudi cleric favours one-eye veil, Посетено на 15. 4. 2013.
  4. Blic Online | BiH: Zakon o zabrani nošenja zara i burke iz 1950. još na snazi, Посетено на 15. 4. 2013.

Поврзано[уреди | уреди извор]