Немеза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Немеза, Алфред Ретел (1837)

Немеза, Немесис или Немесида (грчки јазик|Νέμεσις) во старогрчката митологија е ќерка на божицата на ноќта Њукта и богот на темнината Ереб, таа е божица на одмаздата и казнувала по заслуга. Во почетокот била апстракетн поим кој означувал доделување на она што на некого му припаѓа, а подоцна персонификација на праведна лутина против се што го нарушува редот и рамнотежата во природата.

Митологија[уреди | уреди извор]

Како ќерка на Ноќта (Никс) таа е присутна секаде каде се крши Правдата (Темида). Ја следи Стид (Аидос) и каде човечкиот род сосема биднува искварен, овие две божици засекогаш ќеја напуштат Земјата и ќе се вратат помеѓу боговите на Олимп. Немеза е строга и девствена божица. Ја казнува суетноста и горделивоста, па така го казнила и убавиот Нарцис. Ја менува судбината на луѓето и ги опоменува на умереност. Немеза луѓето ги дарувала со среќа или несреќ и тоа по нивни заслуги. По тоа таа се разликува од божиците на одмаздата Ериниите, кои само ги казнувале луѓето. И покрај тоа што ја дарувала среќата, во свакодневниот живот Немеза повеќе казнувала, а тоа е во блиска врска со постапките на луѓето и наравите. Немеза посебно ги казнувала оние личности кои ја преминале „правата мера“, т.е. оние луѓе кои не знаеле да ја ценат изненадната среќа и благосостојба и на себеси допуштиле да прават несреќа на другите. Слична улога ја имала и божицата Адрастија од фригиско потекло, која влегла во старогрчката митологија, а чие име преведено на грчки значи „онаа на која не е можно да и се побегне“.

Според еден мит, Зевс сакал да ја добие љубавта на Немеза, но таа од него бегала преку копно и море, претворајќи се во различни животни. Кога се претворила во гуска, Зевс ја стигнал, ја претворил во лабед и се соединил со неа. Од таа врска се создало сино јајце кое Немеза го оставила во мочуриштето. Јајцето го пронашла супругата на Тиндареј Леда и од него е родена прекрасната убава Елена.

Култ[уреди | уреди извор]

Немеза особено била почитувана помеѓу Јонците. Две најпознати средишта на нејзиниоткулт биле во Смирна и во Атика (во Рамнунт). Подоцна, во еленистичко-римската епоха под влијание на религијскиот синкретизам станала универзално божество сродно со Кибела, Адрастеја и Изида. Посебно е почитувана при одржување на игри бидејќи бдее над правилата за игра и одлучува за победникот. Поради тоа нејзини статуи се чести во гимназиите, амфитеатрите и на хиподромите. Посебно ја почитувале војниците, робовите, но и оние кои се ослободени.

Ликовна уметност[уреди | уреди извор]

Најпозната е нејзината култна статуа во Рамнунт, дело на фидијиниот ученик Агоракрит од Пар. Познати се и неколку релјефни претстави на кои божицата е претставена со своите атрибути: теразије (терезија, тркало, меч, бич, лак и стрела, узди.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]