Наташа Милованчев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наташа Милованчев (1967, Скопје) - македонска сликарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Милованчев е родена во 1967 година, во Скопје. Дипломирала на Архитектонскиот факултет и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде магистрирала во 2003 година. Во 1994 година станала членка на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Таа работи како професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Освен со сликарство, Милованчев се занимава и со графички дизајн и со театарска уметност. Таа реализирала околу 20 самостојни изложби, а учествувала и на повеќе межународни групни изложби. На 25 ноември 2016 година, во галеријата „Борко Лазески“ во рамки на Центарот за култура во Прилеп била отворена изложбата на Милованчев, со наслов „Кодирани пејзажи“, на која таа се претставила со 21 дело, работено во комбинирана техника на хартија. Делата биле создадени во 2012-2015 година и во нив авторката варира еден мотив кој се јавува како метафора, како сублимирано-функционален и поетички знак во просторот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Кодирани пејзажи од Наташа Милованчев во Прилеп“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 21.