Графички дизајн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Новата поштенска марка посветена на Тетово. „Македонски пошти 2008“.
За графичкиот дизајн на марката е користен мотивот од фотографијата лево.

Графичкиот дизајн (графичко уредување) е процес на визуелно општење со користење на текст и/или фотографии односно илустрации за да се престави информацијата или пак да се истакне некоја порака. Графичкиот дизајн во голем дел значи познавање на естетски вештини и мојстории, вклучувајќи типографија, фотографија, илустрација, симбол и боја и нивно сложување односно комбиникрање. Графичкиот дизајнер има за задача да го визуелизира сeкое идејно решение со цел другите да можат полесно да го разберат. Неговата задача е комбинирање на вербални елементи во една организирана и ефикасна целина.

Графички дизајн е применета уметност. Како дисциплина дизајнот се занимавасо изработка на печатени решенија. Во овие решенија спаѓа: новини, книги, списанија, билборди, визит карти, брошури, каталози и слично. Поновите дефиниции за графички дизајн вклучуваат и графички продукции кои се прилагодени во електронски медиуми, како интернетот или телевизијата и други медиуми.

Може да се каже дека графичкиот дизајн е колаборативна дисциплина. Писателите ги создава речениците и слоганите, фотографите и илустраторите креираат визуелни елементи, типографичарите различни типографии, додека графичкиот дизајнер ја создава композицијата (целината) на визуелното општење.

Содржина

[уреди] Историски развој

Page from the Book of Kells: Folio 114v, Decorated text. Tunc dicit illis

Развојот на графичкиот дизајн како професија е во голема мера тесно поврзан со технолошките иновации, друштвените потреби и визуелната фантазија на создавачот. Графичкиот дизајн се практикова во различни облици низ историјата и најстаријите примери се наоѓаат во ракописите од стара Кина, Египет и Грција. Со постанокот на печатарството, најмногу развиено во XV век, графичкиот дизајн од тој момент непрестано се развива.

Кон крајот на XIX век, графичкиот дизајн добива форма која и денес е препознатлива, дел како резултат на се поголема специјализација во различни професии, дел поради воведувањето на нови технологии и тржишни можности кој се отвараат со почетокот на индустриската револуција. 1922. година Вилијам А. Двигинс (анг. William A. Dwiggins) го дава името „графички дизајн“ на оваа тогаш нова област на применета уметност.

Почетоците на печатарството

За време на династијата Танг(618-906) помеѓу IV-VII век дрвени парчиња биле правени за печатење на текстил на кој бил напишан будистички текст. Светото писмо на будистите испечатено во 868г. е најстарата позната испечатен книга. Со почетокот на XI век биле поризведени подолги ленти и блокови со што се создал динамички тип на печатење на книги за време на димастијата Сонг (960-1279). Околу 1450г. печатницата на Јоханес Гутенберг ги направи книгите достапни низ цела Европа. Дизајнот на книги од Алдус Манутис ја разви структурата на книгата која стана основа за структурата на книгите од Западнан Европа. Ерата на графичкиот дизајн се нарекува „стар стил“.

Дизајн на XX век

Името графички дизајн прв пат се појавува во испечатениот есеј „нов вид на печатарска техника за нов дизајн“ од Вилијам Адисон, кој бил американски дизајнер на книги во раните години на XX век. Првата книга која во својот наслов го содржи зборот графички дизајн е објавена во 1927г. Дизајнот на Лондонската подземна железница е класичен пример на дизајн од модерно време кој користи фонт дизајниран од Едвард Џонстон во 1916г.

[уреди] Употреба

National Park Service sample pictographs.svg

Започнувајќи од сообраќајни знаци се до технички шеми, графичккиот дизајн го издигнува преносот на знаења на повисоко ниво. Сето тоа се прави со визуална презентација на текстот.

Дизајнот може исто така што помогне во продажба на некој производ или идеја низ корисно визуело општење. Компаниите користат графички дизајн за изработка на логоа(кои го претставуваат нивниот идентитет) кои се продружени со бои и текст. Сето ова е познато под поимот брендирање. Брендирањето стана значајна услуга од страна на графичките дизајнери се со цел да се заштити идентитетот на корпорацијата.

Денешните учебници се дизајнираат во зависност од предметите како: географија, хемија и математика. Овие публикации имаат содржина преку која се илустрираат теории и дијаграми. Многу чест пример за графика која се користи во образованието е приказот на човечката анатомија. Графичкиот дизајн се наоѓа насекаде во образовниот процес се со цел науката да им стане подостапна на учениците.

Графичкиот дизајн наоѓа широка примена во голем број на магазини, филмови, дневни весници, како и голем број веб-страници, односно е дел од нашето секојдневие.

[уреди] Вештини

Графичкиот дизајн вклучува стилизација и презентирање на постоечкиот текст или содавање на дизајн развиен од страна на графичкиот дизајнер. На пример приказна од весник започнува со изјават од новинарот и сликите а потоа работата преминува на графичкиот дизајнер кој треба да ја организира страницата и да одлучи дали некои други графички елементи треба да се вклучат. Во магазините или некои огласи многу често се случува графичкиот дизајнер или уметничкиот директор да побара од фотогарафите или илустраторите да креираат одредени дела само заради совпаѓање со идејата која што ја замислил графичкиот дизајнер. Со тек на време дизајнирањето започна да се врши со напредни софтвери како на пример со WYSIWYG(What You See Is What You Get) работната околина која најчесто користи интерактивен или мултимедијален дизајн.

Визуелна уметност

Пред да се додадат графичките елементи на дизајнот тие мора да приоизлезат од идејата на графичкиот дизајнер, односно од неговите визуелни способности. Визуелната уметност влкучува работа која што е визуелна по природа и користи секаков вид на визуелни податоци започнувајќи од фотографија па се до компјутерски генерирана уметност. Графичките елементи можат да постојат самостојно или да бидат дел од некоја композиција.

Печатарство

Печатарството е уметност, вештина и техника која е дел од графичкиот дизајн при што опфаќа модифицирање на печатарските калапи и нивно подредување. Печатарските калапи се создаваат со голем број на илустрирачки техники. Печатарството се користи од страна на печатарите, графичките уметници, декораторите и др. Се до дигиталното доба печатарството било стручна професија. Со дигитализацијата графичкиот дизајн се доведе до повисоко ниво и им овозможи поголема слобода на визуелните дизајнери.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици