Модроврана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Модроврана
Возрасна единка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Модроврани
Фамилија: Coraciidae
Род: Coracias
Вид: Модроврана
Биномен назив
Coracias garrulus
Linnaeus, 1758

Модовраната (Coracias garrulus) е единстената птица од оваа фамилија која гнезди во Европа. Ја има и во Македонија. Повообичаено, таа е распространета до Средниот Исток, централна Азија и Мароко.

Опис[уреди]

Модроврана
Во Романија

Модовраната е крупна птица, 29-32 см во должина, со 52-58 см распон на крилја; таа е претежно сина со портокалово-кафена боја на грбот. Модовраните често седат видливо на дрва, столбови и надземни проводници како свраките, притоа барајќи големи инсекти, мали рептили, глодари и жаби за јадење. Паѓаат во очи со својот силен директен лет и брилијантна сина боја сo црни летечки пердуви на крилјата. Половите се слични, само женката е малку посветла, а малечките личат на женките. Се огласуваат слично на враните со грубо гракање.

Живеалиште и исхрана[уреди]

Ова е птица на топла, сува, отворена земја, преферира дабова или борова шума. Обично живее во пар. Храната ја бара на дрвјата и по земја. Се храни со ситни без’рбетници, инсекти, црви, влекачи, водоземци, но понекогаш јаде и растителна храна.

Размножување[уреди]

Модровраната се гнези во дупки на дрвја, речни брегови или стрмни ридови. Дупката во земјата ја копаат сами и таа е половина метар длабока со проширување на крајот, каде го сместуваат гнездото. Речиси воопшто не го постилаат или ретко го постилаат со меки материјали. Женката несе 4-6 бели јајца во размер 28х35мм, кои и двата родитела ги инкубираат 17 до 20 дена. Малечките го напуштаат гнездото по околу 28 дена, а дотогаш родителите ги хранат. Годишно имаат само едно легло.

Статус[уреди]

Модовраната има големa глобална популација, вклучувајќи приближно население од 100,000-220,000 птици во Европа. Меѓутоа, во периодот 1970-1990, бројот почна да се намалува, особено во Европа. За време од три генерации (15 години) падот надмина 30%. Во Русија таа исчезнала од северните делови. Заканите за видот вклучуваат: тешкотија за мигрирање во неколку Медитерански земји, а стотици, можеби и илјади се застрелувани за храна во Оман секоја пролет. Користењето пестициди, како и менувањето на земјоделската и шумарската практика влијаат врз овие птици, односно им ја намалува достапноста на храната. Од овие и други причини, нејзиниот статус од најмалку загрозена се смени во речиси загрозен вид.

Наводи[уреди]

  • Lars Svensson and Peter J. Grant. Collins Bird Guide. 1999.

Надворешни врски[уреди]