Могила на непобедените

Координати: 41°20′03″N 21°33′16″E / 41.33417° СГШ; 21.55444° ИГД / 41.33417; 21.55444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Могила на непобедените
Могила на непобедените во Прилеп
Карта
Општи податоци
ГрадПрилеп
ЗемјаРепублика Македонија
Почната1961
СопственикОпштина Прилеп
Проектирање и изградба
АрхитектБогдан Богдановиќ

Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.

Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.[1]

Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година, во 1961 година во градот Прилеп го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој парк. Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.

Автор на проектот е белградскиот архитект Богдан Богдановиќ. Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година. Во состав на споменичкиот комплекс Паркот на Револуцијата е и „Алејата на Народни херои“, откриена истата 1961 година. Во неа на мермерни постаменти поставени се бронзени спомен бисти од десетте загинати Народни херои од НОБ од Прилеп.

Кире Гаврилоски-Јане (1918-1944) Илија Игески-Цветан (1920-1944) Орде Чопела (1912-1942) Борка Талески (1921-1942). Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944) Мирче Ацев (1915-1943) Борка Велески-Левата (1912-1942) Рампо Левката (1909-1942) Лазо Филипоски-Лазовски (1918-1942) Круме Волнароски (1909-1944) [1]

Историја за паркот на револуцијата[уреди | уреди извор]

Прилеп во НОВ[уреди | уреди извор]

Прилеп под фашистичка окупација потпаднал во април 1941 година. На 8 април таа година во градот влегле претходницита на германската фашистичка војска, а на 24 април влегла бугарска војска. Уште од првите денови на окупацијата се појавивл општонароден отпор организиран од Комунистичката партија,која го подготвила и Првиот партизански одред. Како резултат на тоа, со првиот истрел на 11 октомври 1941 година при нападот на Участакот отпочнало востанието на македонскиот народ за ослободување на фашистичкиот окупатор.

во текот на НОВ во многу куќи во градот ботците имале свои скривници работилници за изработка на оружје и санитетски материјал.Во Прилеп за цело време на НОВ делувала и раководела апртизанската организација,а исто така се чувствувало силно влијание на СКОЈ (Сојуз на Комунистичка Омладина на Југославија). Народна помош на АФЖ (Антифашистички фронт на жените).Илегалната партиска техника која била организирана уштепред војната постоела и за време на окупацијата и издавала летоци,Билтен,Радиобилтен,а подоцна и весникот „Народен Глас“.Градот бил ослободен на 9 септември 1944, а конечно ослободување е на 3 ноември истата година.

Во текот на НОВ од Прилеп и Прилепско од 8.000 учесници, активни борци со оружје в рака биле 2700. Од нив 650 биле загинати, 15 прогласени за Народни херои (10 загинати во НОВ) и 154 носители за „Партизанска споменица“ 1941.

Заради се она што градот Прилеп го направил за време на НОВ со Указ на 7 мај 1975 година од страна на Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз - Тито го добива орденот „Народен херој“.

Проекти изведени во 2007/2008 година[уреди | уреди извор]

Изградени се пешачки патеки, направено е комплетно пошумување и богато хортикултурно уредување на површина од 6000 м2, поставени се корпи за отпадоци, клупи, изградена е трим-патека во должина од околу 1 км, реновирано е летното кино, изградени се езерца, спортски терени за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, поставено е ново осветлување и дрвени куќарки.

Се планира збогатување на содржините на паркот со мини зоолошка и ботаничка градина.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ревитализација на комплексот „Могила на непобедените". Општина Прилеп. 8 април 2009. Посетено на 2011-06-13.

41°20′03″N 21°33′16″E / 41.33417° СГШ; 21.55444° ИГД / 41.33417; 21.55444