Куќа на Бектешовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Бектешовци
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласицизам
ГрадПрилеп
Земја Македонија
Завршена1923
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектИло Дарков

Куќа на Бектешовци — стара куќа во градот Прилеп, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Куќата и училиштето на разгледница од 1920-тите.

Куќата е сместена во строгиот центар на градот, до основното училиште „Кочо Рацин“. Изградена е во 1923 г. на трошок од 2.000 наполеони од мајсторот Ило Дарков и неговата тајфа за богатиот прилепско трговец Петар Т. Бектеш(оски), кој само што се вратил од печалба во Америка. Подоцна комунистичката власт ја национализирала куќата, а по распадот на СФРЈ му е вратена на семејството.[1]

Претставува величествена двокатна градба во неокласичен стил.[1] Има голем број соби, голем салон и тавани со висина од 3,5 м. Главниот влез има коринтски столбови и широки мермерни скали, а дворот е ограден со кована железна ограда изработена од прилепски мајстори.[2] Во 2013 г. градбата е реставрирана по цена од 3 милиони денари обезбедени од Министерството за култура.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Талеска, Моника (22 мај 2012). „Куќа на Бектешовци - гордост на семејството“. Утрински весник. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 25 јануари 2017.
  2. 2,0 2,1 „Обновена фасадата на Куќата на Бектешовци во Прилеп“. build.mk. 16 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 25 јануари 2017.
  3. Талеска, Моника (16 мај 2013). „Обновена куќата на Бектешовци во Прилеп“. Утрински весник. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 25 јануари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]