Министерство за образование на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за образование
на НР Кина
教育部
Џаојибу
Податоци за органот
Надлежност  Кина
Седиште Пекинг
Раководител Јуен Гуејжен
(Министер за образование)
Матичен орган Државен совет
Ограноци Национална служба за кинескиот како странски јазик (NOCFL)
Кинески стипендиски совет
Мрежно место
moe.edu.cn


Министерството за образование на НР Кина (кинески: 教育部; пинјин: Jiàoyùbù) е министерство задолжено за образованието во Кина, со седиште во Пекинг. Надлежен орган за министерството е Државниот совет, кој ги пропишува правилата што важат за сите сфери од образовниот систем во земјата. Тука спаѓаат задолжителното основно образование, средната и стручна спрема и високото образование.

Меѓу другото, министерството има задача да издава уверенија за наставниот кадар, да спроведува стандардизација на наставната програма и учебниците, да воспоставува стандарди и да врши општ надзор на целиот образовен систем, настојувајќи да ја „осовремени Кина по пат на образованието“. Како установа, дава нагласок на техничките струки наспроти академството како такво.

Од 1985 до 1998 г. органот се нарекувал „Државна комисија за образование“.

Список на министри[уреди | уреди извор]

Бр. Име Стапил Напуштил
Министер за образование на Централната народна влада
1 Ма Сјилуен (马叙伦) октомври 1949 ноември 1952
Министер за образование
2 Џанг Сјижуо (张奚若) ноември 1952 февруари 1958
3 Јанг Сјуфенг февруари 1958 февруари 1964
4 Лиу Џипинг (刘季平) в.д., февруари 1964 октомври 1964
5 Хе Веј (何伟) октомври 1964 јуни 1966
непополнето за време на Културната револуција
6 Џоу Жунгсјин јануари 1975 април 1976
7 Лиу Сјијао (刘西尧) јануари 1977 февруари 1979
8 Џанг Нансјанг (蒋南翔) февруари 1979 мај 1982
9 Хе Дунгчанг (何东昌) мај 1982 јуни 1985
Претседател на Државната комисија за образование
10 Ли Пенг јуни 1985 април 1988
11 Ли Тјејинг април 1988 март 1993
12 Џу Кајсјуен (朱开轩) март 1993 март 1998
Министер за образование
13 Чен Џели март 1998 март 2003
14 Џоу Џи март 2003 ноември 2009
15 Јуен Гуејжен ноември 2009 во служба

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]