Министерство за надворешни работи на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Министерство за надворешни работи на Народна Република Кина
中华人民共和国外交部
MOFAChinaChaoyang.JPG
Седиштето на министерството
Податоци за органот
Држава  Кина
Седиште Чаојанг, Пекинг
Раководител Ванг Ји
(Министер за надворешни работи)
Матичен орган Државен совет
Портал
fmprc.gov.cn

Министерство за надворешни работи на Народна Република Кина (кин. 中华人民共和国外交部, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó Wàijiāobù, мктр. „џунгхуа женмин гунгхехуо вајџаобу“) е државен орган на НР Кина посветен на надворешните односи со другите земји во светот, на чие чело стои министер за надворешни работи (моментално Ванг Ји). Седиштето на установата се наоѓа во реонот Чаојанг на градот Пекинг.[1]

Министерството е одговорно за осмослување и водење на надворешната политика на земјата, носење на одлуки, ракување со документите од надворешните односи и давање на изјави што се однесуваат на НР Кина. Установата исто така е надлежна за преговарање и потпишува на договори и спогодби со други земји, како и за испраќање на свои претставници во странство.

Органот ги застапува интересите на Кина во ООН, на меѓувладини средби и во активностите на меѓународните организации. Има улога и да ја советува владата при осмислувањето на дипломатските стратегии, напатствија и политики.[2]

Одделенија и служби[уреди]

  • Општа служба (办公厅)
  • Одделение за планирање на политики (政策研究司)
  • Одделение за азиски работи (亚洲司)
  • Одделение за западноафрикански и северноафрикански работи (西亚北非司)
  • Одделение за африкански работи (非洲司)
  • Одделение за европско-средноазиски работи (欧亚司)
  • Одделение за европски работи (欧洲司)
  • Одделение за северноамерикански и океански работи (北美大洋洲司)
  • Одделение за латиноамерикански работи (拉丁美洲司)
  • Одделение за меѓународни организации и конференции (国际司)
  • Одделение за контрола на оружјето (军控司)
  • Одделение за спогодби и правни работи (条约法律司)
  • Одделение за информации (新闻司)
  • Одделение за протоколарни работи (礼宾司)
  • Одделение за конзуларни работи (领事司)
  • Одделение за Хонгконг, Макао и Тајван (港澳台司)
  • Одделение за преведување и толкување (翻译室)
  • Одделение за раководство со надворешните работи (外事管理司)
  • Одделение за надворешни безбедносни работи (涉外安全事务司)
  • Кадрово одделение (干部司)
  • Служба за пензиониран кадар (离退休干部局)
  • Управно одделение (行政司)
  • Финансово одделение (财务司)
  • Архивска служба (档案馆)
  • Надзорно одделение (监察局)
  • Служба за дипломатски претставништва во странство (国外工作局)
  • Одделение за услуги (服务局)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Почетна страница - Министерство за надворешни работи на НР Кина (англиски) (проверено на 27 октомври 2010)
  2. http://www.uschina.org/public/china/govstructure/govstructure_part5/10.html

Надворешни врски[уреди]