Министерство за култура на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Министерство за култура
на НР Кина
文化部
Податоци за органот
Држава  Кина
Седиште Пекинг
Раководител Цај Ву— министер за култура
Матичен орган Државен совет
Портал
mcprc.gov.cn

Министерството за култура (кинески: 文化部; пинјин: Wénhuàbù) — министерство на владата на НР Кина одговорна за раководењето со културните работи и збидувања во земјата. Меѓу останатите надлежности спаѓаат државните музеи и споменици, застапување и заштита на уметностите (ликовни, фолклорни, драмски, музички, сценски, архитектонски, книжевни, ТВ и филмски) и нивно промовирање надвор од земјата. Оваа установа е одговорна и за раководење со државните архиви и обласните културни центри.

Список на министри[уреди]

Цај Ву — тековен министер за култура.
  1. Шен Јенбинг (沈雁冰): октомври 1949-јануари 1965
  2. Лу Дингји (陆定一): јануари 1965-јануари 1966
  3. Сјао Вангдунг (肖望东): јуни 1966-јануари 1967
  4. Ву Де (吴德): јуни 1970-јануари 1975
  5. Ји Хуејунг (于会泳): јануари 1975-октомври 1976
  6. Хуанг Џен (黄镇): декември 1977-декември 1980
  7. Џоу Вејче (周巍峙): декември 1980-април 1982
  8. Џу Муџе (朱穆之): април 1982-март 1986
  9. Ванг Менг (王蒙): март 1986-септември 1989
  10. Хе Џингџе (贺敬之): август 1989-ноември 1992
  11. Лиу Џунгде (刘忠德): ноември 1992-март 1998
  12. Сун Џаџенг (孙家正): март 1998-март 2008
  13. Цај Ву (蔡武): март 2008-

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Портал „Кина