Министерство за одбрана на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Министерство за национална одбрана
国防部
ChinaDOD.jpg
Зградата „Првоавгустовска“ — седиште на Министерството за одбрана на НР Кина
Податоци за органот
Држава  Кина
Седиште Пекинг
Раководител Чанг Ванчуен— Министер за национална одбрана
Матичен орган Државен совет
Портал
mod.gov.cn (англиски)

Министерството за национална одбрана на НР Кина (кинески: 国防部; пинјин: Guófángbù) е министерство во надлежност на Државниот совет, а начие чело стои министерот за национална одбрана. Основано е по одлука на првата седница на I Национално народно собрание во 1954 г. За разлика од други земји, министерството не заповеда со вооружените сили, бидејќи тие се под раководство на Централниот воен комитет (ЦВК). Министерството е орган кој служи како претставник на ЦВК и војската во воена размена и соработка со армиите на други држави.

Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК.

Структура[уреди]

Министерството за одбрана има неколку одделенија:

  • Општа служба
  • Служба за надворешни работи
  • Мировничка служба
  • Служба за регрутација

Општата служба на министерството воедно игра улога на Општа служба на Генералштабот. Кадрите на другите служби се припадници на генералштабот.

Министер[уреди]

Иако самото министерство нема значајни надлежности, функцијата на Министерот за одбрана важи за една од најважните во државата. Лицето на оваа функција секогаш е старешина во активна служба и обично е потпретседател на ЦВК, државен советник и член на ЦК на партијата, што му овозможува да носи одлуки на воено, државно и партиско ниво.

Список на министри[уреди]

Бр. Име Стапил Напуштил
1 Марш. Пенг Дехуај септември 1954 април 1959
2 Марш. Лин Бјао април 1959 септември 1971
непополнета
3 Марш. Је Џенјинг јануари 1975 март 1978
4 Марш. Сји Сјенгчен март 1978 март 1981
5 Генг Бјао март 1981 јуни 1983
6 Ген. Џанг Ајпинг јуни 1983 март 1988
7 Ген. Чин Џивеј март 1988 март 1993
8 Ген. Чи Хаотјен март 1993 март 2003
9 Ген. Цао Гангчуан март 2003 17 март 2008
10 Ген. Лианг Гуанглие 17 март 2008 16 март 2013
11 Ген. Чанг Ванчуен 16 март 2013 во служба

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]