Мигел Руис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дон Мигел Анхел Руис (шпански: Miguel Ángel Ruiz) е мексикански автор, нагвал, шаман, и учител.

Роден 1952 година во Мексико, бил хирург и после некој тежок настан поврзан со смртта, решил да почне да ги бара одговорите на битните прашања во традиционалните учења на неговите претци, во мудроста на Толтеците. Сега е автор, шаман и учител.

Толтечката империја се појавила во централно Мексико во десеттиот век од нашава ера. Главниот град бил Тула, после нив Ацтеките го разрушиле за градежен материјал и направиле друг град. Затоа малку се знае за нивната култура, но легендите го сториле своето. Тие биле прва од екстремно милитаристичките култури во регионот кои ја искористиле својата моќ за да ги потчинат и завладеат соседите, а ги имале освоено териториите претходно владеени од Маите.

Дон Мигел Анхел Руис го објавил своето најзначајно дело Четирите Договори во 1997 година и продадени се околу 4 милиони примероци. Тоа се залага за лична слобода од договори и верувања кои сме ги направиле со себе си и со другите, а ни донесле ограниченост и несреќа во нашите животи. Тоа е за наоѓање на сопствениот интегритет, љубовта кон самиот себе, и бидување во мир со оваа реалност.

Четирите Договори се:

1. Биди беспрекорен во твоето зборување

Зборувај со интегритет. Кажувај го само тоа што го мислиш. Избегни зборување против самиот себе и оговарање на другите. Употреби ја моќта на зборот во насока на вистината и љубовта.

2. Не сфаќај ништо лично

Се што другите прават не е поради тебе. Она што другите го зборуваат и прават е проекција на нивната сопствена реалност, нивниот сопствен сон. Кога ќе бидеш имун на мислењата и дејствата на другите, нема да бидеш жртва на непотребно страдање.

3. Не прави претпоставки

Најди храброст да прашуваш прашања и да го изразуваш она што навистина го сакаш. Комуницирај со другите најјасно што можеш за да се избегнат недоразбирања, драматизирање и тага. Само со еден договор, може комплетно да го измениш својот живот.

4.Секогаш прави најдобро што можеш

Твојот максимум ќе се менува од миг во миг, ќе биде различен кога си здрав, од оној кога си болен. Под било какви околности, едноставно делувај најдобро што можеш, па ќе избегнеш самоосудување, малтретирање на себе си, и жалење (каење).