Меѓународна математичка унија
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Меѓународна математичка унија International Mathematical Union |
|
![]() Логото на IMU по пример на Боромејските прстени |
|
| Цел | меѓународна соработка во математиката |
|---|---|
| Место | IMU Secretariat, Markgrafenstr.32, D-10117 Берлин, Германија |
| Претседател | Ингрид Добеши |
| Матична организација | Меѓународен совет за наука |
| Мреж. место | mathunion.org |
Меѓународната математичка унија (англ. International Mathematical Union, IMU) е меѓународна невладина организација посветена на соработка помеѓу земјите на полето на математиката. Организацијата е членка на Меѓународниот совет за наука (ICSU) и пружа поддршка на Меѓународниот конгрес на математичарите. Во неа членуваат математички организации од 65 земји. Основана е во 1919 г., но распуштена во 1936 и повторно заживеана во 1951 г. Претседател на унијата е Ингрид Добеши (2011–2014). Во 2010 г. Берлин е избран за постојано седиште на оваа организација.
Содржина |
Наградна дејност [уреди]
На своите заседанија (еднаш на четири години), унијата ја доделува врвната математичка награда „Филдсов медал“ за млади успешни математичари со извонредни придонеси за математиката.
Членки [уреди]
- Земји-членки:
- Придружни членови:
- Екваторско математичко друштво (SEdeM)
- Математичко друштво на Киргистан
- Математичко здружение на Кенија (MAK)
- Математичко здружение на Тајланд - Центар за унапредување на математичкото истражување на Тајланд (CEPMART)
- Подружни членови:
- Африканска математичка унија (AMU)
- Европско математичко друштво (EMS)
- Математичка унија на Латинска Америка и Карибите (UMALCA)
- Кандидати за членство:
Наводи [уреди]
- Mathematics without borders, Olli Lehto (Springer, 1988)
Надворешни врски [уреди]
- Меѓународна математичка унија (англиски)
