Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ е уметничка манифестација на која секоја година творат македонски и странски сликари. Основачи на колонијата се некои од најпознатите македонски сликари, како: Петар Мазев, Глигор Чемерски, Никола Иванов-Балтон, Димитар Стојчевски и Златко Поп-Стефанов.[1]

28. Ликовна колонија 2014[уреди | уреди извор]

28. ликовна колонија се одржала во септември 2014 година, во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, под патронат на Македонската православна црква, а финансирана од Министерството за култура на Македонија. Координатор на колонијата бил Наум Михајловски, а изработените дела биле изложени во манастирската галерија во стариот конак. Учесници на колонијата биле сликарите:[1]

  • Алиса Јакоби од Естонија
  • Олја Нечај од Белорусија
  • Ѓулистан Караѓузел од Турција
  • Демет Јалчинкаја од Турција
  • Толга Боштопрак од Турција
  • Елена Темелкова од Бугарија
  • Свилен Блажев од Бугарија
  • Јовица Дејановиќ од Србија
  • Димитар Стојчевски од Македонија
  • Гоце Божурски од Македонија
  • Стефан Хаџиниколов од Македонија
  • Мирослава Цветковиќ од Македонија
  • Александар Симоновиќ од Македонија
  • Лазо Ѓоргиевски од Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Уметници од земјава и странство на колонија во Св. Јоаким Осоговски“, Дневник, година XVIII, број 5559, петок, 5 септември 2014, стр. 19.