Метју Фокс (глумец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Метју Чендлер Фокс
Matthew Fox (infobox).png
Метју Фокс на Комик-кон 2008
Роден(а) Метју Фокс
14 јули 1966
Кроухарт, Вајоминг, САД
Сопруг(а/и) Маргарита Рончи (1991 - сè уште)

Метју Чендлер Фокс (англиски: Matthew Chandler Fox) (роден 14 јули, 1966) е американски актер и поранешен модел. Негова прва поголема улога била во филмот Петмина за забава. По скорешна му е улогата на д-р Џек Шепард во драмската телевизиска серија Изгубени со која и има стекнато најголема слава.

Биографија[уреди]

Роден е на 14 јули 1966 во Кроухарт, Вајоминг. Детството го поминал на ранчот на неговите родители, кои имаат уште два сина, едниот постар, а другиот помлад од Метју. Научил да јава на коњ кога имал шест години.

По завршувањето на средното училиште добил стипендија како успешен рагбист на Универзитетот во Колумбија, каде играл рагби за универзитетскиот клуб и студирал економија. Дипломирал во 1988 година и планирал да работи на Волстрит.

Меѓутоа, животот му тргнал во сосема друг правец. Поради неговата висина (188 cm), мајката на неговата девојка, инаку моден агент, му предложила да проба да работи како модел наместо како брокер.

Снимил неколку реклами и решил дека сака да се занимава со глума, па се запишал на Школата за филм и телевизија во Њујорк.

Првата улога ја добил во 1992 година кога се појавил во една епизода од серијата „Крила“. Истата година добил улога во серијата „Стан на бруцоши“, меѓутоа серијата се снимала само една сезона. Наредната година го снимил и првиот филм, „Моето момче се врати“.

Во 1994 година го постигнува својот прв голем успех, кога добива улога во серијата „Петмина за забава“, која се снима се до 2000 година. Благодарение на оваа серија се стекнува со светска слава и, меѓу другото, во 1996 година е прогласен за еден од 50-те најубави луѓе на светот, во избор на списанието Пипл.

На аудицијата за Изгубени се пријавил за улогата на Сојер, меѓутоа косценаристот на серијата Џ. Џ. Абрамс бил толку импресиониран од неговиот настап што решил да му ја додели улогата на д-р Џек Шепард.

Оженет е и има две деца, а поради снимањто на Изгубени се преселиле да живеат на Хаваи.



Надворешни врски[уреди]