Меру (вулкан)
| Меру | |
Планината Меру (2002) |
|
| Надм. вис. | 4566 м |
|---|---|
| Истакнатост | м |
| Заведена во | ултра |
| Местоположба | |
| Координати | 3°14′00″S 36°45′00″E / 3.2333333°S 36.75°EКоординати: 3°14′00″S 36°45′00″E / 3.2333333°S 36.75°E |
| Геологија | |
| Тип | стратовулкан |
| Последна ерупција | 1910[1] |
| Искачување | |
| Прво искачување | 1904 (Фриц Јегер)[2] |
| Најлесна патека | планинараска патека |
Меру (свахили: Mlima Meru, англиски: Mount Meru) е активен вулкан што се издига 70 км западно од планината Килиманџаро во Танзанија, од која може да се види на ведар ден[3]. Со височина од 4.566 м, Меру е десетта планина по височина во Африка. Планината изгубила голем дел од масата пред околу 8.000 години со голема ерупција во источен правец, слична на онаа на Сент Хеленс во Вашингтон во 1980. Последната ерупција на Меру се случила во 1910 и била од мал обем.[1] Неколкуте мали конуси и кратери во близината укажуваат на разни епизоди на активност во историјата на вулканот.
Меру е најистакнатото природно обележје на националниот парк Аруша. Под плодното подножје се простира савана, а самите падини се шумовити и богати со најразновидни диви животни, меѓу кои речиси 400 видови на птици, како и разни мајмуни и леопарди.
На врвот е поставено дваметарско знаме на Танзанија изработено од метал, како и бетонски милјоказ со натпис „Социјалистички Врв 4562,13 м“.
Содржина |
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Меру“. Програм за глобален вулканизам - Смитсонова институција. http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=0202-16=. (англиски)
- ↑ Меру - SummitPost (англиски)
- ↑ Поглед на планината Меру од Килиманџаро (англиски)
[уреди] Надворешни врски
- Меру - Peakware (англиски)
- Сателитски слики на Меру (англиски)
- Информации за планинарските патеки на Меру (англиски)
[уреди] Галерија
-
Поглед од градот Аруша
-
Поглед на Меру од врвот на Килиманџаро