Мартинка

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мартеница)
Прејди на: содржини, барај
Мартинка со Пижо и Пенда

Мартинка — висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје во Бугарија, Романија, Македонија и Грција. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои - бела и црвена. Бугарите секоја година на 1 март ставаат мартинки. Овој празник Бугарите го нарекуваат празникот на "Баба Марта".

Дисеминација[уреди]

Овој обичај се смета бугарска традиција во Бугарија, во малку изменета форма присуствува и во Романија и Молдавија, каде што мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Бугарија ги носат сите. Бугарите од Западните покраини исто носат мартинки. Мартинки се носеле и носат и во Македонија.

Обичај[уреди]

Зборник на Миладиновци:

Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и утрината го клавает на децата на грло, на р'це и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, к'де спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к'штите: „Ластовица идеше, Црно море пливаше...“

Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кичи котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна. Во некои краишта на Бугарија со мартинки се кичаат и домашните животни. Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река "за да оди, како тече реката". Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега. Во Шоплукот и Мелничко наместо бел конец во мартинката се вплитаат син конец (прторив лекција), а во Родопите се ставаат уште неколко бои.

Потекло[уреди]

Една од легендите од 20. век за појавата на мартинката вели дека кога кан Аспарух (основачот на Бугарија през 681 г.) победил византиските војници, тој напишал писмо за победата и го врзал за ногата на една птица со бел конец. Додека летечки сепак, птицата била забележана од византиски војници, кои пукале во неа и ја повредиле. Иако била повредена таа пристигнала успешно во бугарскиот камп, но белиот конец веќе бил делумно црвен од крвта од раната. И од таму настанала мартинката, која се носи денес.

Сепак, некои од најпознатите специфични карактеристика на првомартенската обредност и особено врзување на извртени бела и црвени волна нишки, се плод на многувековна традиција и наведуваат на тракиско (палеобалканско) и елинско, па дури и за римско потекло. За тоа и мартинката се шири и во други земи освен Бугарија.

Како се прави мартинка?[уреди]

Земате еден бел и еден црвен конец - по можност волнен или дебел вештачки. Заврзувате двата конеца еден за друг. Молите пријател да држи единиот крај на конците, вие држејќи другиот (ако нема кој да помогне, врзувате крајот за нешто). Затернувате конецот и почнувате да пресуквате помеѓу прстите само во една насока. Вртете конците, додека, како релаксираат малку, не почнаат да се увиват еден со друг, и тоа на ситни сипаници. Внимателно собирате двара краjа и пуштате. Земате еден картон со димензии 5 на 6 см преклопувате го на две. Започнувате да увивате белото и црвеното предиво околу него, така што од единиот краj да се одминува од другиот. Увивате колку пати сакате. Колку повеќе обиколки, толку подебела е Пенда. Режете конецот. Поминувате пресуканиот конец во сганатиот дел на картонот. Разделете со ножици завитканите делови на местото каде што нема картон. Така се добиваат ресничките. Извлечете внимателно картонот и вржете двата краjа на ширина. Потоа со друг конец или со дел, пресечена од ширината, вржете подолу, за да стане глава.