Разговор:Мартинка

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Здраво, Сакам да посочам дека текстов веројатно го уредувал Бугарин,бидејќи се забележуваат бугарски карактеристики и во синтаксата и во лексиката,а и во тенденцијата и затоа го менувам во согласност со правилото-Википедија не е средство за пропаганда и рекламирање.Менувам генерално граматика,и некоректно дефинирање на одредена територија. Пример1 -"Една од легендите од 20. век за појавата на мартинката вели дека кога кан Аспарух (основачот на Бугарија през 681 г.) победил византиските војници"...

  • Не е ПРЕЗ,туку е ВО
  • КАН коистат Бугарите,во согласност нивните нови пожелно политички историски тези
  • ГИ победил византи(ј)ските војски....фали ГИ,кратка заменска форма,кај Македонците нефали.

Пример2-" Заврзувате двата конеца еден за друг. Молите пријател да држи единиот крај на конците, вие држејќи другиот (ако нема кој да помогне, врзувате крајот за нешто). Затернувате конецот и почнувате да пресуквате помеѓу прстите само во една насока. Вртете конците, додека, како релаксираат малку, не почнаат да се увиват еден со друг, и тоа на ситни сипаници. Внимателно собирате двара краjа и пуштате."

  • Двата конеца ?? Плус пофторно фали заменка ГИ
  • Молите пријател да држи едниот крај ? =Замолувате пријател да ГО држи едниот крај.Се фали
  • Вие држејќи другиот-фали ГО повторно
  • Пресуквате
  • како релаксираат малку, не почнаат да се увиват еден со друг, и тоа на ситни сипаници-Ваква конструкција е за во затвор скоро,нема потреба да ја коментирам.

Пример 3.-" Бугарите секоја година на 1 март ставаат мартинки" -Прво ги споменува покрај Бугарија,и Македонија,Северна Грција и територија од Република Србија,која ја нарекува западни покраини (без да каже дека е во Србија),и потоа инсталира- бугарите секоја година на 1 март и тн...со што сака да покаже дека на овие територии живеат Бугари.Ова е традиција која се третира во Македонија и од Македонците,не само од 0,07%(по попис) Бугари во Македонија.

Пример 4.Овој е можеби и најбитен,бидејќи покажува тенденција.Имено -"Бугарите од Западните покраини исто носат мартинки" -Западни покраини,е внатрешен политички термин во Бугарија,после првата светска војка.Тоа е Република Србија,а тука никаде не се наведува тоа.Ова не е текст со тематика теиротиријални и историски спорови,и употребата на овој термин,наместо Република Србија во денешно време како актуелен,за источните делови на Република Србија и слично,(дури и никаде не се споменува дека се работи за Република Србија и нејзина територија)е чисто политички мотивиран и неприфатлив за оваа статија и тенденциозен.Впрочем,во согласност со разбудените духови во Бугарија,употребата на таквите термини,кои се строго нивни внатрешни,и јавно користење на истите претставува повреда на нечив интегритет и аспирација(тие не се западно бугарски покраини,туку источно српски денес),е работа која е се почеста,како и огранизирана акција на Бугарите за менување на текстовите од Википедија,посебно македонската,со желба да прикажат согласност на Македонците со нивите погледи.Сите статии на англиската википедија исто така се менуваат во иста минута од различни едитори,ако ги погледнете едитувањата,статии кои се однесуваат на Бугари или бугарско,како Кубрат,Кубер,Стара голема Бугарија или слични теми,во согласност со нивниот нов ,политички мотивиран(туркофобија)пристап на историјата.Статијата за Кубер е променета една минута порано од статијата за Булгари,а 2 минути порано од статијата за Кубрат и слично.Сметам,бидејќи таа тендеција е факт,а целта на Википедија верувам дека не е да биде поле за делување на политичко националистички мотивирани идеи,туку некој објективен приказ,дека треба да се има сериозен пристап кон таа работа,јас сум нов на Википедија,но не е можно да се бркаме по текстовите и да ги менуваме секој ден,и незнам какви се правилата да бидам искрен,но такви едитори треба да се банираат. За корисникот-почетнички зборува македонски,а едитира текст на македонска википедија,и живее во Србија,најверојатно во "западните покраини". --Ајвар (разговор) 07:14, 23 јуни 2014 (CEST) --Ајвар (разговор) 07:03, 23 јуни 2014 (CEST)[одговори]