Мандарина
Мандарина | |
---|---|
Таксономија | |
Царство: | Растенија |
Клада: | Васкуларни растенија |
Клада | Скриеносеменици |
Клада: | Евдикоти |
Клада: | Розиди |
Ред: | Сапуновидни |
Семејство: | Rutaceae |
Род: | Цитруси |
Вид: | C. reticulata
|
Биномна номенклатура | |
Citrus reticulata Бланко, 1837 година
|
Мандарината (Citrus reticulata), исто така позната како мандарински портокал, - мало цитрусно дрво со овошје кое личи на другите портокали, кое обично се јаде самостојно или во овошни салати.[1] Танжерината е група на портокалово обоени цитруси, која се состои од хибриди на мандарина.
Мандарините се помали и сплеснати, за разлика од сферичните обични портокали (кои се хибрид од мандарина-помело).[1] Вкусот се смета за помалку кисел, како и посладок и посилен.[2] Зрелата мандарина е цврста до малку мека, тешка по својата големина и со камчеста кожа. Кората е тенка, со малку бел мезокарп,[3] така што тие обично се олеснуваат да се лупат и да се поделат на делови. Хибридите обично ги имаат овие одлики во помал степен. Мандарината е нежна и лесно се оштетува на студ. Може да се одгледува во тропски и суптропски области.
Според генетските студии, мандарината била една од првичните видови цитруси; преку размножување или природна хибридизација, таа е предок на многу хибридни сорти на цитруси. Со цитронот и помелото, таа е предок на најважните комерцијални хибриди (како слатки и кисели портокали, грејпфрут и многу лимони и лимеси). Мандарината е хибридизирана и со други видови агруми, како што е пустинскиот лајм и кумкватот.[4] Иако предокот на мандарината бил горчлив, повеќето комерцијални соеви на мандарината потекнуваат од хибридизација со помело, што им дало слатко овошје.[5]
Етимологија
[уреди | уреди извор]Citrus reticulata е од латински, каде што ретикулата значи „омрежано“.[6] Името мандарински портокал е позајмен превод од шведскиот „мандарин апелсин“ [„апелсин“ од германскиот „Афелсине“ (Афел + Сина) што значи кинеско јаболко], за прв пат заведено во 18 век. Зборот „мандарина“ потекнува од француското име за ова овошје. Причината за епитетот „мандарина“ не е јасна; може да се однесува на жолтата боја на некои облеки што ги носат мандаринските великодостојници.[7][8]
Ботаника
[уреди | уреди извор]Citrus reticulata е дрво со умерена големина, околу 7.6 м во висина.[1][6] Стеблото и главните гранки имаат трње. Лисјата се сјајни, зелени и прилично мали. Лисјата се кратки, скоро без крилја или малку крилести. Цветовите се носат поединечно или во мали групи во пазувите на листовите. Цитрусите обично се самоплодни (потребна е само пчела за да се движи поленот во рамките на истиот цвет) или партенокарпични (нема потреба од опрашување и затоа нема семе, како што е сацумата). Зрело дрво од мандарина може да даде до 79 кг овошје.[9]
Овошје
[уреди | уреди извор]Плодовите на мандарината се мали 40-80 мм.[1] Нивната боја е портокалова, жолто-портокалова или црвено-портокалова.[2] Кожата е тенка и лесно се лупи. Нивната леснотија за лупење е важна предност на мандарините во однос на другите цитруси. Исто како и со другите цитруси, ендокарпот (внатрешното месо) е одделен на делови, кои за возврат се состојат од голем број издолжени клетки. Плодовите може да бидат без семиња или да содржат мал број семиња. Плодовите од мандарината имаат сладок вкус и може да се јадат како цели или исцедени за да се направи сок.
Мандарината како мотив во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Мандарински сон“ (Tangerine Dream) - германска музичка група, основана во 1970 година.[10]
- „Мандарина“ (Tangerine) - песна на британската рок-група „Лед Цепелин“ (Led Zeppelin) од 1970 година.[11]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Портокал
- Јапонски цитрус
- Список на цитрусни овошја
- Танжерина
- Сацума
- Џу Сонг – „Во пофалба на портокаловото дрво“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Julia F. Morton (1987). „Mandarin orange; In: Fruits of Warm Climates, p. 142–145“. NewCROP, the New Crop Resource Online Program, Center for New Crops and Plant Products, Purdue University. Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 David Karp (3 февруари 2016). „Mandarin oranges, rising stars of the fruit bowl“. The New York Times. Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ David Karp (13 март 2014). „Market watch: The wild and elusive Dancy“. Los Angeles Times. Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ Wu, Guohong Albert; Terol, Javier; Ibanez, Victoria; López-García, Antonio; Pérez-Román, Estela; Borredá, Carles; Domingo, Concha; Tadeo, Francisco R; Carbonell-Caballero, Jose (2018). „Genomics of the origin and evolution of Citrus“ (PDF). Nature. 554 (7692): 311–316. Bibcode:2018Natur.554..311W. doi:10.1038/nature25447. PMID 29414943. and Supplementary information Архивирано на 29 јули 2019 г.
- ↑ Wang, L; He, F; Huang, Y; He, J; Yang, S; Zeng, J; Deng, C; Jiang, X; Fang, Y (6 August 2018). „Genome of wild mandarin and domestication history of mandarin“. Molecular Plant. 11 (8): 1024–1037. doi:10.1016/j.molp.2018.06.001. ISSN 1674-2052. PMID 29885473.
- ↑ 6,0 6,1 „Citrus reticulata, 'Clementine'“. Missouri Botanical Garden. 2019. Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ „Chinese loanwords in the OED“. The Free Library. Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ „Mandarin | Origin and meaning of mandarin“. www.etymonline.com (англиски). Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ „Citrus reticulata Blanco; Tango mandarin“. University of California - Riverside; College of Natural and Agricultural Sciences; Citrus Variety Collection. 2010. Посетено на 7 јануари 2021.
- ↑ DISCOGS, Tangerine Dream (пристапено на 7.1.2021)
- ↑ DISCOGS, Led Zeppelin – Led Zeppelin III (пристапено на 7.1.2021)
- Citrus reticulata на Викивидовите ?