Мал воден бик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мал воден бик
Возрасна женка од Шпанија
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Aves
Ред: Pelecaniformes
Фамилија: Ardeidae
Род: Ixobrychus
Вид: I. minutus
Биномен назив
Ixobrychus minutus
(Linnaeus, 1766)

Малиот воден бик (Ixobrychus minutus) е птица од редот на чапјите, од фамилијата на штрковидните. Потекнува од стариот свет, а се населил и во Африка, централна и јужна Европа, западна и јужна Азија и на Мадагаскар. Птиците што живеат во умерениот појас на Европа и западна Азија се преселници, зимувајќи во Африка или јужна Азија, а оние што се гнездат во тропските краишта се седентарни (не се селат).[2]

Таксономија[уреди]

Има три подвида:

  • Ixobrychus minutus minutus (Linnaeus, 1766). Европа, Азија, северна Африка; зиме во субсахарна Африка или јужна Азија;
  • Ixobrychus minutus payesii (Hartlaub, 1858). Постојан жител на субсахарна Африка;
  • Ixobrychus minutus podiceps (Bonaparte, 1855). Постојан жител на Мадагаскар.

Австралиската мала чапја (Ixobrychus dubius) и изумрената Новозеландска мала чапја (Ixobrychus novaezelandiae) формално се сметаат за подвидови на Малиот воден бик.[3]

Опис[уреди]

Младенче

Малиот воден бик е многу мала чапја, од 25 до 36 cm висока, со распон на крилата од 40 до 58 cm и тежина од 59 до 150 g. Тоа е најмалата чапја во светот. Има краток врат, долгнавест клун и светложолти делови од телото. Кај мажјакот, грбот и темето се црни, а крилата им се црни со големи бели линии. Женките, пак, имаат покафенест грб и жолто-кафени линии на крилата.

Однесување[уреди]

Животната средина на Малиот воден бик е честакот. Прави гнездо на платформата од трската во џбуњето. Излегнува 4-8 јајца. Тешко може да се види од густите трски и прикриениот начин на живот. Се храни со риби, инсекти и водоземци.

Галерија[уреди]

Погледни[уреди]

Наводи[уреди]

Библиографија[уреди]

Надворешни врски[уреди]