Лукас Пападимос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лукас Пападимос
Λουκάς Παπαδήμος
Lucas Papademos.jpg

Во служба
11 ноември 2011 – 16 мај 2012
Претседател Карлос Папулас
Заменик Теодорос Пангалос
Евангелос Веницелос
Претходник Јоргос Папандреу
Наследник Панајотис Пикраменос

Вицепретседател на ЦЕБ
Во служба
31 мај 2002 – 31 декември 2010
Претседател Вим Дизенберг
Жан Клод Трехт
Претходник Кристијан Ноер
Наследник Виктор Констанцио

Гувернер на Грчката банка
Во служба
26 октомври 1994 – 31 мај 2002
Претходник Јоанис Бутос
Наследник Николаос Гарганас
Лични податоци
Роден(а) 11 октомври 1947 (1947-10-11) (66 г.)
Атина, Грција
Партија независен
Сопружник Сана Инграм
Живеалиште Вила Макимос
Образование Институтот за технологија на Масечусетс
Струка економист
професор
Вероисповед Грчка Православна црква
Портал Мрежно место

Лукас Пападимос (грчки: Λουκάς Παπαδήμος) е грчки економист, поранешен директор на Грчката народна банка, поранешен потпретседател на Европската централна банка. Од 10 ноември 2011 до 16 мај 2012 година е премиер на Грција[1].

Лукас Пападимос е роден на 11 октомври 1947 година во Атина. Во 1970 години дипломирал физика на Институтот за технологија на Масечусетс, во 1972 година станал магистер по електротехника, а во 1978 доктор по економија.

Од 1975 до 1984 година предавал економија на американскиот Универзитет „Колумбија“, а од 1988 до 1993 и на Атинскиот универзитет. Во 1980 станал економски советник на Банката за федерални резерви од Бостон, а во 1985 година е именуван за главен економист на централната Банка на Грција. Во 1993 година бил избран за заменик гувернер на Банката на Грција, а во 1994 година и за нејзин гувернер. На оваа должност останал до 2002 година, кога бил избран за потпретседател на Европската централна банка (ЕЦБ). ЕЦБ ја напуштил во 2010 година кога станал советник на досегашниот грчки премиер Јоргос Папандреу. Во моментов е ангажиран како визитинг професор на Факултетот за администрација „Кенеди“ при Универзитетот „Харвард“.

Наводи[уреди]