Лешон Мерит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали

LaShawn Merritt
Натпреварувач за Flag of the United States.svg САД
Машка атлетика
Олимписки игри
Злато 2008 Пекинг штафета 4x400m
Злато 2008 Пекинг 400m
Светски првенства
Злато 2007 Осака штафета 4x400m
Сребро 2007 Осака 400m
Злато 2009 Берлин 400m
Злато 2009 Берлин штафета 4х400m
Сребро 2011 Тегу 400m

Лешон Мерит (роден на 27 јуни 1986) е американски атлетичар кој се натпреварува во трката на 400m.

Во својата натпреварувачка кариера Лешон има склучено договор со светскиот бренд за спортска опрема Најки. На светското првенство во Осака во 2007, тој го освои сребрениот медал во трката на 400m и златниот како дел од штафетата на САД 4х400m.

На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг се очекуваше Лешон да води тесна битка со Џереми Воринер[1], но Воринер префорсира во почетните 300m, па на Лешон му се отвори шанса којашто не ја пропушти и го освои златниот медал со време од 43,75s со што ја оствари најубедливата победа на 400m на Олимписките игри.[2] Со ова време, тој стана петтиот најбрз човек во оваа тркачка дисциплина.[3] На игрите во Пекинг, Лешон го освои златниот медал и како дел од штафетата на САД 4х400m.

Во 2009, Лешон имаше најдобар резултат во сезоната пред светското првенство во Берлин. На светското првенство, тој ја потврди добрата форма и на олимписката ја додаде и светската титула, победувајќи во финалето со време од 44,06s, пред сонародникот Џереми Воринер. Тој на ова првенство го освои и златниот медал во штафетната трка 4х400m.

На светското првенство во 2011 година, кое се одржа во Тегу, Мерит не успеа да го одбрани златото освоено во трката на 400 m пред две години и го освои второто место.

Лични рекорди[уреди]

Лични рекорди на отворено[уреди]

  • 100m - 10,56s (2007)
  • 200m - 19,98s (2007)
  • 300m - 31,31s (2006)
  • 400m - 43,75s (2008)

Лични рекорди во сала[уреди]

  • 60m - 6,68s (2006)
  • 200m - 20,40s (2005)
  • 300m - 31,94s (2006)
  • 400m - 44,93s (2005)
  • 500m - 1:03,38 (2006)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]