Летувалиште (Претор)

Координати: 40°58′46″N 21°03′42″E / 40.97944° СГШ; 21.06167° ИГД / 40.97944; 21.06167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Летувалиште

Карта

Местоположба 40°58′46″N 21°03′42″E / 40.97944° СГШ; 21.06167° ИГД / 40.97944; 21.06167
Основни податоци
Место Претор
Општина Ресен
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Летувалиштеархеолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува населба од доцноантичко време. Со изградбата на туристички објекти, како и со интензивното садење на овоштарници во околината на селото, биле откривани темели од објекти, градени од камен и варов малтер, а во некои од нив мозаични подови. Денес на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069