Гимбабица (Избишта)

Координати: 41°07′54″N 21°00′14″E / 41.13167° СГШ; 21.00389° ИГД / 41.13167; 21.00389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гимбабица

Карта

Местоположба 41°07′54″N 21°00′14″E / 41.13167° СГШ; 21.00389° ИГД / 41.13167; 21.00389
Основни податоци
Место Избишта
Општина Ресен
Тип

 некропола


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Гимбабицаархеолошко наоѓалиште во преспанското село Избишта. Претставува некропола од хеленистичко време. Се наоѓа северно од селото, каде при реконструкцијата на патот Ресен-Охрид, во 1953 година се откриени неколку гробови. Во гробовите биле најдени два целосно зачувани кантароса и една чинија. Кантаросите се со црн фирнајс, а чинијата со окер боја. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[1]

Второ истражување[уреди | уреди извор]

По 65 години приказната за оваа некропола останала затворена, сè до нејзиното повторно актуелизирање во 2018 година кога започнале археолошки истражувања под раководство на м-р Перо Арџанлиев потпомогнат од неговиот стручен тим, Илија Бошковски, Радомир Ивановиќ, Игор Ефтимовски и Роберт Поповски.

Во археолошките истражувања од 2018 година ова наоѓалиште било точно сместено и хронолошки потврдено, а во 2019 година фокусот на истражувањето на археолозите бил насочен кон добивање на повеќе информации за ширењето и организацијата на некрополата, погребниот ритуал кај античките Преспанчани и одликите на нивната материјална култура. Периодот од 3 кон 4 век пр.н.е бил исполнет со промени во начинот на живот во Охридско-Преспанскиот регион, културните текови и општествено уредување, а тој период на промени бил јасно изразен и во двете различни погребни форми засега откриени на Гимбабица. Истражувањата од 2019 година потврдиле дека оваа некропола е постара, некои гробови датираат од 4 век.пр.н.е.

Оваа раноантичка некропола е позната и како вечно почивалиште на воини, дами и металурзи кои живееле пред повеќе од 2.300 години. На војничката култура меѓу жителите на заедниците кои се погребувале кај Гимбабица укажуваат откриените копја и ножеви, откриените бронзени садови за вино, бронзен накит, ѓердан од стаклени перли и сл. даваат информации за нивниот вкус, откриениот стригил (метална алатка за стругање нечистотии од кожата) и железната алатка се претпоставува дека се користеле за некаква рударска или металообработувачка дејност. Рудните резерви на регионот веројатно биле и основата за богатството на заедницата која ја формирала далеку попознатата Требенишка некропола.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069