Бљудо (Коњско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бљудо

Карта

Местоположба 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД / 40.91111; 20.98722Координати: 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД / 40.91111; 20.98722
Основни податоци
Место Коњско
Општина Ресен
Тип

 населба  црква  некропола

Период среден век
Портал „Археологија“

Бљудо — археолошко наоѓалиште во преспанското село Коњско. Претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа северно од селото, на мала височинка што се извишува над Преспанското Езеро, каде при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и грамади од кршен камен. Видливи се и темели од помала црква во чија непосредна близина се откриени камени плочи од гробни конструкции.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069