Леохар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Леохар (грч. Λεοχάρης) бил грчки вајар од Атина, кој живеел и работел во IV век п.н.е. во Македонија и Грција.

[уреди] Дела

Леохар работел на изградбата на Мавзолејот во Халикарнас, едно од „Седумте светски чуда“. Други негови дела се Дијана Версајска (денешната е римска копија на оригиналот од 325 п.н.е.). Се смета и за автор на прочуената статуа Аполон Белведерски (денешната е римска копија во Ватикан).

Од неговите портретистички вајарски дела најпознати се статуите на македонските кралеви Филип II Македонски, Александар III Македонски, Аминта III и кралиците Олимпија и Евридика II, изведени во слонова коска и злато, и сместени во Филипионот, кружно меморијално здание во Алтис, светилиштето во Олимпија, подигнато во чест на Филиповата победа во битката кај Херонеја.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици