Леонидас Петропулакис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леонидас Петропулакис
Роден 1880
Гитио, Грција
Починал 7 мај 1906
Осничани, денес Грција

Леонидас Петропулакис (грчки: Λεωνίδας Πετροπουλάκης) бил андартски капетан, деец на грчката воружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди]

Петропулакис е роден 1880 година во селото Гитио во областа Мани на Пелопонес. Учел право во Атина. Во јануари 1906 година одржал говор за андартски капетан Јоанис Скордакос кој загинал во Мариово.

Во пролета истата година го продал дел од своите имоти и формирал чета од 25 маниоти, а во неа влегол и неговиот братучет Илија Петропулакис, ветеран од Критското востание и Грчко-турската војна од 1897 година.

Со оваа чета зел учество во Борбата за Македонија против четите на Македонската револуционерна организација.

Во март се сретнал со вратениот од Македонија, андартски капетан Андонис Влахакис во Пиреја. По различни патишта двете чети стигнале во Трикала, а од таму во Македонија [1].

На 7 мај 1906 година здружената чета на Андонис Влахакис и Петропулакис го нападнале селото Осничани. Во селото присуствувале двајца членови на реонската чета на Македонската револуционерна организација, Нумо Кировски и Кољо Бараков, кој што раководат со одбраната на селската милиција, а во борбата учествувала и Тана Кировска [2].

Во неколку часовната битка загинале Влахакис и Леонидас и Панајотис Петропулакис, а по пристигањето на османлиските сили андартите се повлекле [3]. Според грчки извори во битката загинале 15 души, а 11 биле ранети [4].

Во 1926 година селото Езерец е прекрстено во Петропулаки [5][6]

Извори[уреди]

  1. Λεωνίδας Πετροπουλάκης - Καπετάν Λεωνίδας
  2. „Илюстрация Илинден“, 1937 г., бр.88, стр.11
  3. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, стр.221.
  4. Douglas Dakin, Ο Ελληνικός Αγώνας στη Μακεδονία, εκδ. οίκος αδελφών Κυριακίδη, 1996
  5. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  6. Λεωνίδας Πετροπουλάκης - Καπετάν Λεωνίδας