Мани

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мани – најстар вид и најкуса турска поетска творба. Со оглед на тоа што старите пишувани извори не посветувале доволно внимание на производите на народната литература, не е расветлено прашањето околу потеклото и историјата на овој вид поезија. Називот мани потекнува од арапскиот збор ма’на (значење).

Како најрано сведоштво за нивно постоење е „Сејахатнаме “ од Евлија Челебија од XVII в.

Меѓу првите автори што пишуваат за овој вид поетски творби е Унгарецот Игнас Кунош, кој објавува 401 маниња од повеќе региони. Автор на првите објавени творби од овој вид од Македонија е Глиша Елезовиќ. Во Македонија м. е распространето главно преку усната трансмисија, се среќава во репертоарот на сите генерации, а најомилени и најмасовни се кај помладата популација.

Најчестиот термин во [[Македонија е мане, но во некои региони се среќава и како мартуфал или мартифал. Најмногубројни се творбите составени од четири стиха, а се среќаваат и во поширока форма, кога двата стиха што се додаваат служат за мисловната цел на творбата. За разлика од другите турски поетски творби во форма на четворостих, каде што сите четири стиха претставуваат една мисловна целина, во творбите мане првите и вторите два стиха имаат посебна мисловна целина.

Меѓу турското население од Македонија се среќаваат две форми на манифестација два вида исполнители: првата група ја сочинуваат оние кај кои кажувањето е во форма на рецитирање на текстот, а втората група се однесува на вокалните исполнители, кога мелодиската линија е непроменлива без оглед на бројноста на творбите. Друга мелодиска линија може да се сретне кај исполнители од други региони во Македонија[1].

Литература[уреди | уреди извор]

  • Марија Ѓуканови - “Турска народну поезију“, Београд, 1969;
  • Мухан Бали - „Паралели од турската народна книжевност во соседните земји“, „Македонски фолклор“, Ⅺ, 21–22, Скопје, 1978, 129;
  • Галаба Паликрушева - „Еден Ѓурѓевденски обичај кај Јуруците во околината на Радовиш, “Рад Ⅸ Конгреса фолклориста Југославије у Мостару и Требињу, 1962, 367;
  • Севим Пиличкова - „Манињата кај Турците од Македонија, Турско народно творештво од Македонија, Народни песни, 1“, Скопје, 1986;
  • „За ѓурѓовденските обичаи и маниња кај Ромите муслимани од Титов Велес“, „Етнолошки преглед“, Белград, 1982, 303 – 30

Наводи[уреди | уреди извор]