Левијатан (книга)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Насловна страница на книгата, дело на Абрахам Бос во соработка со Хобс
„Левијатан“ е политичко-филозофско дело на англискиот материјалист Томас Хобс, објавен 1651. година. Станува збор за „левијатан“ кој има хебрејско потекло и значи „морска неман“, „голем брод“ или „силен човек“.
Кај Хобс, левијатан е суверена државна власт (за него најдобра форма е апсолутна монархијата), која е потребна за да се присилат луѓето на своите обврски. Затоа луѓето склучуваат договори за „својата моќ и сила од еден човек да се пренесе на еден човек или на неколку луѓе“, и така што создадат државна заедница. Инаку, луѓето би се вратиле во природна состојба во која човекот на човек е волк, ако немало општествен договор на основа на разумните правила да не прават на другиот ништо што не би сакале ним да им го прават.
