Либешево

Координати: 40°21′N 21°12′E / 40.350° СГШ; 21.200° ИГД / 40.350; 21.200
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лебишево)
Либешево
Άγιος Ηλίας
Поглед на селото
Поглед на селото
Либешево is located in Грција
Либешево
Либешево
Местоположба во областа
Либешево во рамките на Рупишта (општина)
Либешево
Местоположба на Либешево во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°21′N 21°12′E / 40.350° СГШ; 21.200° ИГД / 40.350; 21.200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&100000000000010000000001.000 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно8
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Либешево (грчки: Άγιος Ηλίας, Агиос Илијас; до 1927 година Λιμπίσοβο, Либисово[2]; до 1949 Αϊλιάς, Ајлијас[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 8 жители. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[4]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото лежи западно од селото Жиковишта и југоисточно од селата Долени и Мангила на надморска височина од 1 000 м. Припаѓа на групата македонски села од Костенаријата. Атарот на селото е мал, околу 6 квадратни километри.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Либешево е чисто македонско село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство. Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Либешево е забележано како село со 350 жители Македонци.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е променето во Ајлијас, а во 1949 година во Агиос Илијас.

Меѓу двете светски војни доста жители од селото емигрирале во прекуокеанските земји заради сиромаштијата, но и заради малтретирањето од страна на грчките власти.

За време на Граѓанската војна селото настрадало, било напаѓано од вооружени банди и монархистите. Сепак, селото не се распаднало.

Демографија[уреди | уреди извор]

Пописи[уреди | уреди извор]

Движењето на населениото по години е следното:[4]

  • 1913 - 323 жители
  • 1920 - 253 жители
  • 1928 - 247 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 224 85 90 56 121 88 42 8
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито и компири, а во помала мера се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπίσοβο -- Αϊλιάς
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αϊλιάς -- Άγιος Ηλίας
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 28. ISBN 9989-9819-5-7.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.