Лагор

Координати: 40°25.31′N 21°17.53′E / 40.42183° СГШ; 21.29217° ИГД / 40.42183; 21.29217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лагор
Λάγουρα
Лагор is located in Грција
Лагор
Лагор
Местоположба во областа
Лагор во рамките на Рупишта (општина)
Лагор
Местоположба на Лагор во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°25.31′N 21°17.53′E / 40.42183° СГШ; 21.29217° ИГД / 40.42183; 21.29217
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лагор или Лагур (грчки: Λάγουρα, Лагура) — поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Остатоците од селото се наоѓаат на 5 км југоисточно од Рупишта, на левиот брег на реката Бистрица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[1] Селото е обновено на крајот од XVIII до почетокот на XIX век од Власи преселени од уништеното Москополе.[2]

Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во 1860 г. врз урнатините на постар храм.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Лагор имал 60 жители „Грци“.[4]

На Етнографската карта на Битолския Вилает од 1901 г. Лагор е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 15 куќи.[5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Лагор имало 75 Власи.[6]

Според Георги Константинов Бистрицки Лагор пред Балканските војни имал 12 „грчки“ куќи.[7]

На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Лагуръ е означено како „грчко“ село.[8]

Од овие навидум противречни податоци може да се заклучи дека жителите на Лагор биле погрчени Власи.

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 29 жители кои во 1920 г. се намалиле на 16.[9] На пописот од 1928 г. селото се води со 16 жители. Поради неповолните услови за живот малку подоцна селото е напуштено, а нејзините жители се преселиле во соседното село Витан.[9]

Познато е дека во периодот по Граѓанската војна 1 лице родено во Лагор се иселило во прекуокеанските земји.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
  2. „Η Παναγία Παραμυθία η Βατοπαιδινή. Η εικόνα της στη Λάγουρα Άργους Ορεστικού {μέσα του 19ου αι.}“. Φως της Καστοριάς. 18 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  3. „Παρεκλήσια“. Ι.Ν.Αγίας Παρασκευής Άργους Ορεστικού. Архивирано од изворникот на 28 јануари 2022. Посетено на 24 август 2015.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183.
  7. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  8. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  9. 9,0 9,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 28. ISBN 9989-9819-6-5.
  10. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Lagouri. Mapping Migration in Kastoria“. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 27 август 2016.