Ланец на продавници
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ланец на продавници претставува низа на продажни објекти кои имаат централизиран менаџмент, единствен бренд и вообичаено со стандардизирани бизнис методи и практики. Ланецот на продавници е еден тип на деловни ланци. Ланецот на продавници може да биде во сопственост на една компанија или франшиза во сопственост на локални физички лица или компании кои оперираат во рамките на партнерската корпорација. Основно својство на сите ланци е централизиран маркетинг и набавка, што во пракса резултира со заштеди во работењето и зголемување на профитот.
Овие карактеристики исто така се однесуваат и на ланците на ресторанти и слични услужно ориентирани бизниси.
