Куни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Куни
Период: Ран миоцен - денес
Црни ласици, Mustela putorius
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Натфамилија: Musteloidea
Фамилија: Mustelidae
G. Fischer de Waldheim, 1817
Подфамилии

Lutrinae
Melinae
Mellivorinae
Taxideinae
Mustelinae

Куните (латински: Mustelidae) се фамилија на месојадни цицачи од редот на ѕверови. Таа е една од најбогатите со видови фамилија. Куните се појавиле пред 40 милиони години и тие се мали грабливи животни (во споредба со другите грабливци). Во оваа фамилија припаѓаат куната, норката, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. Куните се способни да се прилагодат на различни услови, што им овозможило да се распространат во сите делови на Земјата.

Физички опис[уреди]

Припадниците на оваа фамилија се разликуваат меѓусебно по градбата на телото, забалото и обликот на нозете, и тоа многу повеќе одошто е случај со останатите фамилии на ѕверови.

Претставниците се средно големи до мали животни. Најмали се малите ласици (со должина до 20 cm), а најголеми се џиновските видри кои можат да израснат и до 1,8 m и да се тешки повеќе од 30 kg.

Овие животни имаат издолжено, витко и совитливо тело со многу ниски нозе на кои имаат 4-5 прсти со нокти кои не можат да се вовлечат. Забалото е потполно, има 38 заби, при што песјаците се многу силни.

Распространување[уреди]

Куните се широко распространети. Отсуствуваат само на Антарктикот, Фокландските и Галапагоските острови, потоа Мадагаскар, Исланд и на некои острови на Карибите, Северниот Леден Океан и Тихиот Океан. Тие се интродуцирани во Австралија и Нов Зеланд.

Исхрана[уреди]

Куните се исхрануваат со различен вид на плен. Јазовецот се храни најчесто со дождовни црви и полжави, кои чинат делче од неговата телесна тежина. Хермелинот лови и зајци кои можат да бидат и до десет пати потешки од него. Освен наведеното, се хранат и со разни мали и средно големи цицачи, птици со големина на гуски, јајца, инсекти, бобинки, овошје и буклинки.