Јазовец

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јазовец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Фамилија: Куни
Потфамилија: Melinae
Mellivorinae
Taxidiinae
Родови

 Arctonyx
 Melogale
 Meles
 Mellivora
 Taxidea

Јазовец (Melinae) е заедничко име за три рода кои припаѓаат на фамилијата Mustelidae: истата фамилија на цицачи на коja припаѓаат творовите, ласиците, видрите и некои други останати ѕверови. Постојат осум видови на јазовци, сместени во три подфамилии: Melinae (јазовци во Европа и Азија), Mellivorinae (медојадни јазовци) и Taxideinae (американски јазовец).

Исхрана[уреди]

Јазовецот се храни претежно со мали цицачи кои живеат на земја, па мошне чест плен му се прериските пци, кои ги ископува од подземните брлози. Тие се активни ноќе, а пленот го наоѓаат благодарејќи на добро развиеното сетило за мирис, вид и слух. Благодарејќи на силните предни нозе и канџи, јазовците се добри копачи, а тунелите кои ќе ги ископаат во потрага по плен ги користат и за спиење.

Размножување[уреди]

Живеат самостојно, а во текот на сезоната на парење мажјаците и женките ги зголемуваат своите територии во потрага по партнер. Јазовците се парат во доцно лето или рана есен. Во рана пролет женките ги котат младите, најчесто од 1 до 5, во подземното дувло обложено со трева. Младите се раѓаат слепи и беспомошни, па женките ги хранат, негуваат и штитат уште 5 до 6 недели. Поголемиот дел од зимата го поминуваат мирувајќи, иако кај нив нема вистински зимски сон.

Распространетост[уреди]

САД, Северно Мексико, Европа.