Куклојца (Здуње)

Координати: 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° СГШ; 21.16056° ИГД / 41.80944; 21.16056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куклојца

Карта

Местоположба 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° СГШ; 21.16056° ИГД / 41.80944; 21.16056
Основни податоци
Место Здуње
Општина Македонски Брод
Тип

 населба


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Куклојцаархеолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа западно од тврдината Градец, на истоимениот рид, каде има лежишта на бигор кој е користен при градба на објекти во селото Здуње. На зарамнетото плато има урнатини на објекти и средновековна населбинска керамика. На овој простор била сместена мала населба која претставувала стражарски пункт за контрола на патните правци. Од овој рид се овозможува извонреден видик на сите страни и возможна визуелна комуникација со тврдината Градец, во случај на непријателски упади благовремено да се преземаат заштитни мерки.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069