Константин Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Георгиевски
Градоначалник на Општина Охрид
На должноста
25 декември 2018 – сè уште
Претходник Јован Стојаноски
Лични податоци
Роден(а) 9 октомври 1977(1977-10-09)(46 г.)
Охрид, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Професија лекар интернист

Константин Георгиевски (р. на 9 октомври 1977 г. во Охрид, СФР Југославија) — тековен вршител на должноста градоначалник на Општина Охрид од декември 2018 година, наследувајќи го избраниот на локалните избори Јован Стојаноски. По професија е лекар специјалист за интерна медицина. Георгиевски е оженет и татко на две деца. Тој се занимава и со планинарење.

Рани години и образование[уреди | уреди извор]

Георгиевски е роден на 9 октомври 1977 година во Охрид. Неговото основно образование го завршува во ОУ „Григор Прличев“, а средното образование во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Од 1996 до 2003 година е доктор по медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломира, а подоцна од 2005 до 2009 година се стекнува со специјализација по интерна медицина.[1]

Во 2001 година учествува во истражувачки проект со експериментални пресадувања на тема пресадување на бубрези и црн дроб на Хелсиншкиот универзитет во Финска. Во периодот од 2008 до 2010 година бил на неколку обуки за дијагностички ултразвук, ехо дијагностика, васкуларна ехо дијагностика, биопсии под ехо и ехо на мали органи на Универзитетот „Томас Џеферсон“ во Филаделфија, САД.[2]

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Георгиевски е симпатизер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На локалните избори во 2017 година е носител на списокот на советници на СДСМ. По доаѓањето на власт во Охрид на Јован Стојаноски тој е избран за негов заменик градоначалник. По ненадејната смрт на Стојаноски, Георгиевски ја презема неговата функција како вршител на должноста градоначалник на Општина Охрид на 25 декември 2018 година. Тој е избран од општинскиот совет со 15 гласови за од вкупно 23 пратеници на 22. вонредна седница на советот и ќе ја врши должноста сè до избор на нов градоначалник на локални избори.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Разговор со д-р Константин Георгиевски: Охрид да биде град во кој секој граѓанин ќе ја гледа својата иднина и иднината на своите деца“. Ohrid News. 11 октомври 2017. Посетено на 25 декември 2018.
  2. „Curriculum vitae на Константин Георгиевски“ (PDF). Europass. 13 октомври 2016. Посетено на 25 декември 2018.[мртва врска]
  3. „Константин Георгиевски избран за вршител на должноста градоначалник на Општина Охрид“. Општина Охрид. 25 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-01-04. Посетено на 25 декември 2018.