Квечерина (Микеланџело)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Квечерина
Crepusculo
Творец Микеланџело
Година 1524–1531
Димензии 155 см × 170 см
Место Галерија на Академијата, Фиренца, Италија

Квечерина (италијански: Crepusculo) — мермерна скулптура (155 × 170 cm, максимална должина 195 cm) од Микеланџело, за која се верува дека е изработена во раздобјето 1524-1531 година и е дел од декорацијата на Новата сакристија на црквата Св. Лаврентиј во Фиренца. Таа е една од четирите алегориски делови на денот и се наоѓа на десната страна на саркофагот на гробот на Лоренцо де Медичи, војводата од Урбино.

Историја[уреди | уреди извор]

Квечерина Микелаџело започнал да ја работи во фазата по обновувањето на работите на сакристијата во 1524 година, по изборот на папата Климент VII на папскиот престол. Не се знае датумот на завршување на делото, кое уметникот морал да го заврши по прекинот поради опсадата на Фиренца во 1531 година, но статуата била видена „недовршена“ во 1534 година, кога Микеланџело конечно го напуштил градот.

Опис[уреди | уреди извор]

Квечерина или зајдисонце се појавува како машка персонификација, полуиспружен и гол, како и другите статуи од низата. Можеби ги имал за пример планинските и речните божества на триумфалната порта на Септимиј Север во Рим како свој модел. Ако неговата другарка, Мугра (Аурора), е будна, Квечерина треба да спие. Неговото тело е испружено со една нога прекрстена преку другата за дополнителна динамика, едната рака е лабаво поставена на бутот и го држи превезот што се спушта назад, другата ја поддржува фигурата со свиткан лакт и уморно седи. Лицето е забрадено и замислено гледа надолу.

Меѓу различните иконолошки читања, статуата се смета за симбол на флегматичен темперамент или елемент на вода или дури и земја.

Слики[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Umberto Baldini, Michelangelo scultore, Milano, Rizzoli, 1973.
  • Marta Alvarez Gonzáles, Michelangelo, Milano, Mondadori Arte, 2007, ISBN 978-88-370-6434-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]