Каменец (Брезово)

Координати: 41°20′31″N 21°07′37″E / 41.34194° СГШ; 21.12694° ИГД / 41.34194; 21.12694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Каменец

Карта

Местоположба 41°20′31″N 21°07′37″E / 41.34194° СГШ; 21.12694° ИГД / 41.34194; 21.12694
Основни податоци
Место Брезово
Општина Демир Хисар
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Каменецархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Брезово. Претставува населба, некропола и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото на околу 2 км, високо во планинскиот предел, а во непосредната близина на чешмата. Во ливада на месен жител се откриени остатоци од населба (фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди), како и голем број парчиња од топена железна руда. Според кажувањето на мештаните, во нива на еден друл месен жител, која се граничи со споменатата ливада, биле откопани повеќе гробови градени од камени плочи, со гробни прилози од белезици, крстови, монети и др. кои не се зачувани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069