Кале (Обедник)

Координати: 41°09′33″N 21°09′33″E / 41.15917° СГШ; 21.15917° ИГД / 41.15917; 21.15917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°09′33″N 21°09′33″E / 41.15917° СГШ; 21.15917° ИГД / 41.15917; 21.15917
Основни податоци
Место Обедник
Општина Демир Хисар
Тип

 населба


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Обедник. Претставува населба од доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа на 500 м северозападно од селото, на висок рид што доминира над околниот терен. На самиот врв, кој е зарамнет, се гледаат контури од одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер, чија широчина од 1,90 м е зачувана на северозападната страна. По површината на калето има траги од ѕидови на други објекти, грамади од градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси.[1] Кај месните жители ова наоѓалиште е познато под името Куќата на Кралот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069