Кабаре (филм од 1972)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кабаре (англиски Cabaret) е американски филм од 1972 година, во режија на Боб Фоси. Главните улоги ги играат: Лајза Минели, Мајкл Јорк, Хелмут Грим, Џоел Греј, Фриц Вепер и Мариса Беренсон. Во 1973 година, филмот освоил осум награди „Оскар“, во категориите: најдобра главна глумица (Минели), најдобра машка споредна улога (Греј), најдобар режисер (Фоси), најдобра камера, најдобра музика, најдобар звук, најдобраа монтажа и најдобра сценографија. Истата година, филмот освоил три награди „Златен глобус“, во категориите: најдобар филм - комедија или мјузикл, најдобра женска главна улога и најдобра машка споредна улога), како и седум награди на „БАФТА“. Вкупно, филмот освоил 35 награди и имал уште 15 други номинации, а во 1995 година бил вклучен во Националниот филмски регистер на САД.[1] Филмот е снимен според бродвејскиот мјузикл „Кабаре“, како и според книгата „Берлински приказни“ на Кристофер Ишервуд. За својата улога, Минели ја добила и наградата на БАФТА, а интересно е тоа што режисерот првобитно не сакал да го ангажира Џоел Греј за улогата на церемонијал-мајсторот, а го прифатил дури откако продуцентите му поставиле ултиматум.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Берлин, меѓу двете светски војни. Во градот пристигнува Англичанецот Брајан Робертс (го игра Јорк), кој се сместува во станот каде живее Сали Боулс, танчерка во еден клуб, која сонува да стане позната глумица. Брајан дава часови по англиски јазик, едвај заработувајќи за живот. Неговиот клиент, Фриц (го игра Вендел) се вљубува во богатата Еврејка Наталија Ландауер, најпрвин привлечен од нејзиното богатство, но потоа се вљубува во неа. Подоцна, тој дознава признава дека е Евреин и тие стапуваат во брак. Брајан и Сали го среќаваат богатиот барон Максимилијан, која откако сексуално ќе ги искористи двајцата, ненадејно ги напушта. Сали останува бремена, но не знае чие е бебето што го носи. Сепак, Брајан го прифаќа татковството и ја кани да се преселат во Кембриџ, Англија, но таа одлучува да изврши абортус. Брајан си заминува во Англија, а Сали продолжува да работи во клубот. За сето тоа време, во Германија се зголемува влијанието на нацистите.[3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDB, Cabaret (1972), Awards (пристапено на 4.3.2017)
  2. „www.hrt.hr (пристапено на 3.1.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-11.
  3. IMDB, Cabaret (1972) (пристапено на 4.3.2017)
  4. „www.hrt.hr (пристапено на 3.1.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-11.