Ијан Мекјуан
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ијан Мекјуан | |
| Занимање | писател |
|---|---|
| Националност | Британец |
| Период | 1975 – денес |
| Жанрови | понова историја |
| Сопружник | Пени Ален (1982–1995) Аналена Мек-Афи (1997–) |
|
ianmcewan.com |
|
Ијан Расел Мекјуан (роден 21 јуни 1948) е англиски романописец и сценарист. Мекјуан се смета за еден од најценетите британски писатели. Во 2008 година, списанието Тајмс го вклучи Мекјуан во нивната листа на најдобри 50 писатели Британци по 1945-та.
Првите книги на Мекјуан се збирки раскази, „Прва љубов, последни обреди“ (1975) и „Помеѓу чаршафи“ (1978). „Бетонска градина“ (1978) и „Утеха на странците“ (1981) се првите негови романи, а по нив следуваат уште три исто успешни во 1980-те и раните 1990-ти: „Дете во времето“ (1987), „Невиниот“ (1990) и „Црни кучиња“ (1992).
Во 1997, Мекјуан ја објави „Истрајна љубов“, којашто доби и филмска верзија. Доби награда Букер за романот „Амстердам“ (1998). Во 2001 ја објави „Искупување“, кој исто така беше преработен во филм Оскаровец, а потоа следеа и „Сабота“ (2003) и „На плажата Чезил“ (2007). Најновиот роман му е „Солар“ (2010).