Искра Божиновска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Искра Божиновска
Родена Искра Божиновска
18 јуни 1947
Скопје, СФРЈ (денес Македонија)
Националност Македонка
Занимање оперска пејачка

Искра Божиновска (Скопје, 18 јуни 1947) — македонска оперска пејачка (сопран).

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Скопје на 18 јуни 1947 година. Во 1970 година дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Коста Трпков. Во периодот од 1970 до 1992 година работела како солист во операта и балетот на МНТ, а во периодот од 1989 до 1990 година биле и директор. Се преселила во Австрија, а потоа и во Австралија, каде што се занимава со педагошка дејност и хорско пеење.[1]

Божиновска располага со пријатен глас, естраден шарм и уверлива сценска игра. Гостувала на неколку оперски сцени во земјите од поранешна Југославија, како и во Германија, Италија и Канада.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

На оперската сцена на МНТ остварила повеќе од 25 помали и поголеми улоги, меѓу кои:[1]

  • Аида во „Аида“;
  • Евридика во „Орфеј и Евридика“;
  • Елизабета во „Дон Карлос“;
  • Јарославна во „Кнез Игор“;
  • Мими во „Боеми“;
  • Леонора во „Трубадур“;
  • Татјана во „Евгениј Онегин“; и
  • Симка во „Разделба“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 183-184. ISBN 978-608-203-024-1.