Инвазија на Полска (1939)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Инвазија на Полска (1939)
Дел од Битки во Европа во Втората светска војна
Датум од 1 септември до 6 октомври 1939г.
Место Втора Република Полска
Исход Поделба на Полска меѓу Третиот Рајх и СССР
Завојувани страни
Полска Знаме на Нацистичка Германија Германија
 Словачка
 СССР
 Литванија
Команданти и водачи
Едвард Ридз-Смигли
Вацлав Стахиевич
Знаме на Нацистичка Германија Адолф Хитлер
Знаме на Нацистичка Германија Франц Халдер
СССР Јозеф Сталин
Сила
1 милион војника
4300 топа
880 тенка
400 авиона
2,5 милиона војника
15 илјади топа
7,8 илјади тенка
4,6 илјади авиона
Жртви и загуби
66 илјади убиени
133 700 ранетите
17 илјади убиени
38 илјади панетите

Инвазија на Полска или Септемвриска кампанија (полски Kampania Wrześniowa, wojna obronna Polski 1939) — заедничка инвазија на Полска од страна на Германија, Советскиот Сојуз, Данциг и мал словачки контингент што го означило почетокот на Втората светска војна. Германската инвазија започнала на 1 септември 1939 година, една недела по потпишувањето на Пактот Рибентроп-Молотов, додека советската инвазија започнала на 17 септември по договорот Молотов-Того кој ги прекинал советските и јапонските непријателства на исток на 16 септември[1] . Кампањата завршила на 6 октомври кога Германија и Советскиот Сојуз ја поделиле и анектирале целата Полска според условите на Германско-советската погранична спогодба.

Картата на Полска во Септемвриска Кампанија 1939

Германските сили ја нападнале Полска од север, југ и западно наутро по т.н. Инцидент Глајвиц. Словачките сили напредувале заедно со Германците во северна Словачка. Како што напредувал Вермахтот, така полските сили започнале повлекување од своите позиции. По полскиот пораз во септември во Битката кај Бзура, Германците добиле неоспорна предност. Полските сили потоа се повлекле на југоисток, каде што се подготвувале за долга одбрана на Романскиот Плацдарм, чекајќи поддршка ја најавената поддршка од Франција и Обединетото Кралство[2]. И покрај тоа што тие имале договор односно пакт со Полска поради кое и објавиле војна на Германија на 3 септември, сепак на крајот нивната помош за Полска била многу ограничена.

По инвазијата на советската Црвена армија на Источна Полска на 17 септември, во согласност со тајниот протокол на Пактот Молотов-Рибентроп, станало јасно дека полскиот план за одбрана е застарен[3]. Соочувајќи се со втор фронт, полската влада заклучила дека одбраната на Романскиот Плацдарм повеќе не е изводлива и наредила итна евакуација на сите војници во неутрална Романија[4]. На 6 октомври, по полскиот пораз во Битката кај Коцк, германските и советските сили добиле целосна контрола над Полска. Успехот на инвазијата го означило крајот на Втората Полска Република, иако Полска никогаш формално не се предала.

На 8 октомври, по почетниот период на воената администрација, Германија директно ја анектирала западна Полска и поранешниот Слободен град Данциг. Советскиот Сојуз ги инкорпорира новоприобретите области во нејзините составни белоруски и украински републики. Како последица на инвазијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Goldman p. 163, 164
  2. Dariusz Baliszewski (19 September 2004), Most honoru. Tygodnik Wprost (weekly), 38/2004. ISSN 0209-1747.
  3. Kitchen, Martin (1990). A World in Flames: A Short History of the Second World War. Longman. стр. 74. ISBN 0-582-03408-6. Посетено на 2 November 2011.
  4. Sanford 2005, стр. 20–24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: