Ивец (војсководец)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Ивец (X–XI в.) бил македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самуиловото Царство.[1] Во 1015 фодина ја уништил византиската војска во Пелагонија, намамувајќи ја во заседа. По смртта на царот Јован Владислав се засолнил на планината Брохот, каде што го изградил дворецот Проништа и продолжил да им дава отпор на Византијците. На денот на домашната слава Голема Богородица во 1018 година со измама бил фатен од охридскиот архонт и предаден на царот Василиј II.[2]