Зорица Јевремовиќ Мунитиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зорица Јевремовиќ Мунитиќ
Роден 22 август 1948
Ражањ, Ниш,  Србија
Занимање режисерка и писателка
Сопружник Ранко Мунитиќ

Зорица Јевремовиќ Мунитиќ (родена на 22 август 1948 во Ражањ, Ниш, Србија) е српска и југословенска театарска и видео режисерка, драматург, интермедијална теоретичарка и историчарка на културата.[1] Директорка е на белградскиот Центар за медиуми „Ранко Мунитиќ“ и уредник на регионалното списание за медиуми и култура Медиантроп.[2]

Меѓу другото, значајна е и нејзината работа на основање на театарски трупи за маргиналните општествени групи, како и придонесот за втемелување на стрипската и телевизиската теорија во СФРЈ во 1970-те. Нејзин сопруг беше истакнатиот југословенски културен работник Ранко Мунитиќ.

Биографија[уреди]

Родена е во Ражањ, пораснала во Белград. Дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во 1975. година. Со драматургија се занимавала во алтернативните и неформалните групи за театар и филм: КПГТ (1980-1990), Арт-филм (1981-1983), Нова чувствителност (1984-1985), Претпријатие за театарски работи (1992).

Како заговарачка на југословенскиот културен простор ја истражувала културната историја и теолошкото обичајно право на мултинационалните и повеќеконфесионалните средини во СФРЈ: Дубровник (1976-1980), Пераст (1981), Повља (1982), Тацен (1981-1984), област Пољица (1986-1990), Дечани (1981-1989) и Зјум (1990). Објавила книги од мултимедијалната теорија и театарската драма, а уредувала и научни зборници од книжевната историја.

Основала алтернативни театри кои работеле како „театарски кварт“ во гетоизираните заедници, на местата коишто порано не биле театарски активни: Перформативен „Уличен детски театар“ во Скадарлија (1985), „Џепен театар М“ во психијатријската болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“ (1993-1995), „ПАТ 5а“, феминистички театар во Автономниот женски центар против сексуално насилство (1997-1999). Во почетокот на граѓанската војна во Југославија во 1990-тите била активистка во двете антивоени групации: „Цивилно движење на отпорот“ и „Белградски круг“, во чиишто рамки извела повеќе културолошки проекти: „Босна, човечки траги“ (1992).

Во 2008 година прави изложба „Косово од мојот стан“ од фотографии на предмети кои ги купувала и ги добивала на подарок од Косово и Метохија (1981-1990).[3]

Членка е на Сојузот на драмски уметници на Србија од 1978. Од 2007. година е членка на Српското книжевно друштва. Од декември 2011. е директорка на Центрот за медиуми „Ранко Мунитиќ“ каде како интермедијална теоретичарка води повеќе проекти.

Дело (избор)[уреди]

Книги
  • Распад система /Распад на системот/, „Аурора“, Белград, 2000.
  • Семиолошки кругови, „Прометеј“, Нови Сад, 2001.
  • Четири предратне драме /Четири повоени драми/, „Прометеј“, Нови Сад, 2001, ISBN 86-7639-543-8; второ проширено издание 2006, ISBN 86-515-0016-5
  • Спотови носталгије: о феноменологији, комуникологији и естетици медија /Спотови на носталгијата: за феноменологијата, комуникологијата и естетиката на медиумите/, Радио-телевизија Србија, Белград 2006. ISBN 86-81733-39-7
  • Балада о девојачком оделу /Балада за девојчинската облека/, „Досије“, Белград, 2006. ISBN 86-909635-0-2
  • Позориште као стварање света /Театарот како создавање на светот/, Институт за театар, филм, радио и телевизија, Белград, 2008. ISBN 978-86-82101-36-9
Драми
  • На станици /На станицата/, 1968.
  • Ој, Срби’о, нигде лада нема /Ој, Срби’о, никаде ладовина нема/, 1971.
  • Вукодлак из Самарије /Врколакот од Самарија/, 1973.
  • Копиле 1948-1968 /Копиле 1948-1968/, 1987.
  • Фјодорова девојчица /Фјодорово девојче/, 1991.
  • Пут у немогуће или потрага за богињом Клио /Пат во невозможното или потрага по божицата Клио/, 1995.
  • Шапутаве девојке I /Шепотливи девојки I/, 1997.
  • Шапутаве девојке II /Шепотливи девојки II/, 1999.
  • Балада о девојачком оделу /Балада за девојчинската облека/, 2004.
Есеи и студии во периодиката
Приредување на научни зборници
  • Сава Мркаљ, списание Книжевност, 1984.
  • Св. Сава и Хиландар, Книжевност, 1988.
  • Ватрослав Јагиќ, Книжевност, 1990.
Видеографија
  • Аутовидеографија /Автовидеографија/ (1996)
  • Шапутаве девојке /Шепотливи девојки/ (2001)
  • Шапутаве девојке II /Шепотливи девојки II/ (2003)
  • Ишчекивање /Исчекување/ (2004)
  • Краљица ноћи /Краљица на ноќта/ (2005)
  • Промоција Џепног позоришта М /Промоција на Џепниот театар М/ (2005)
  • Босна 92 – људски трагови /Босна 92 – човечки траги/ (2005)
  • Остаци филмске траке /Остатоци од филмската лента/ (2005)

Литература[уреди]

Извори[уреди]

  1. „Зорица Јевремовиќ: Копиле (1948-1968), драма на утопијата“ (за представата), Центар за културна деконтаминација, Белград, 2009. (српски)
  2. „Главен уредник“, Медиантроп, Београд. (српски)
  3. Радовиќ, Настасја. „Зорица Јевремовиќ-Мунитиќ: Во куќата го имам своето Косово“ (интервју), Монитор, Подгорица, бр. 1027, 25. јун 2010. (српски)

Надворешни врски[уреди]