Зауербратен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зауербратен
Зауербратен со кнедли од компир
ВидЈадење од месо
ПравецГлавно јадење
Земја на потеклоГерманија
Главни состојкимесо маринирано во вино и/или оцет, зеленчук и зачини
Cookbook: Зауербратен на Викикниги 

Зауербратен (германски: Sauerbraten „кисело печење" од сауер за „кисело" и братен за „печено месо")[1] е германско јадење кое може да се подготви со различни меса, најчесто говедско, но и јагнешко, свинско, а традиционално се користи месо од коњ. Пред готвењето, сеченото месо се маринира и е оставено да отстои неколку дена (рецептите варираат од три до десет дена) во мешавина од оцет или вино, вода, билки, зачини. Бидејќи вообичаено се користат потврди парчиња месо за зауербратен, подолгото маринирање на месото е подобро, што резултира со готово јадење кое е нежно, меко и сочно. Состојките на маринадата варираат врз основа на регионалните стилови и традиции низ цела Германија.

Зауербратен се смета за едно од националните јадења на Германија, тоа е едно од најпознатите германски јадења, и често се наоѓа во менијата од рестораните во Германија, но и надвор од Германија. Неколку регионални варијации на јадењето ги вклучуваат оние од Франконија, Тирингија, Рајнска област, Сар, Шлеска и Швабија.[2] Во неколку делови од Германија, со зауербратен се сервираат палачинки од компири.[3]

Зауербратен традиционално се сервира со црвена зелка, кнедли од компир, тестенини од јајца и брашно, и варен компир.

Историја[уреди | уреди извор]

На Јулиј Цезар му е доделена улогата на инспиратор за зауербратен, кога испратил амфори исполнети со говедско месо маринирани со вино над Алпите до новоформираната римска колонија Келн. Според оваа легенда (Јулиј Цезар бил убиен во 44 п.н.е., а римскиот град Келн бил основан во 50 н.е.), ова ги инспирирало жителите на Келн да го имитираат римскиот увоз.[4] Иако се прилично чести, овие тврдења во голема мера се неосновани.

Според неколку извори ова јадење било измислено од Карло Велики во 9 век како средство за користење на преостанатото печено месо. Алберт Велики, исто така познат како Св. Алберт Велики и Алберт од Келн, исто така е заслужен за популаризација на јадењето во 13 век.

Зауербратен првично било правено од коњско месо, и вака сè уште го прават многу традиционални ресторани, особено во Рајнската област, но денес, зауербратен најчесто се прави од говедско месо.

Регионални варијации[уреди | уреди извор]

Рајнски зауербратен, во кој се додава суво грозје за да се обезбеди слатка рамнотежа на киселоста

Постојат многу регионални варијанти на зауербратен. Многу варијации се во состојките кои се користат за маринадата во која сеченото месо се потопува неколку дена пред да се готви.

Генерално, основата на маринадата е црвено вино, оцет или комбинација од двете. Додека Германија во голема мерка произведува бели вина, регионите во Германија кои се поблиску до Франција често го користат црвено вино како основа за маринадата. Вински оцет, јаболков оцет и други сорти може да се користат како основа. Рецептите од источните региони на Германија поблиску до Полска и Чешка, почесто го користат оцетот како основа. Во многу региони, виното и оцетот се користат заедно.

  • Рајнски зауербратен е подготвена во германскиот регион Рајнска област - долж долината на реката Рајна. Суво грозје, а понекогаш и сируп од шеќерна репка се додаваат при готвење за да обезбедат сладок вкус со што се надополнува киселоста на маринадата.[4]

Подготовка[уреди | уреди извор]

Избор на печено месо[уреди | уреди извор]

Јадењето може да се направи од многу различни видови на печено месо.[5]

Маринирање на печењето[уреди | уреди извор]

Зауербратен во маринада

Оцет и вино вообичаено се користат како основа на маринадата, која исто така вклучува и ароматични зачини, како што се црн пипер, каранфилче, морско оревче и ловоров лист, а поретко и коријандер, семе од синап, цимет, ѓумбир и мајчина душичка. Маринадата може да вклучува и зеленчук, како што се кромид, целер и моркови.[6] Киселата маринада помага да се изедначи месото (што обично потешко се сече) пред да се готви. Маштеницата исто така се користи како маринада во одредени региони.

Се препорачува месото да се маринира во глинен, стаклен, пластичен или емајлиран сад, а не во сад изработен од чист метал, бидејќи киселата маринада ќе реагира со металот за време на процесот.

Готвење на печено месо[уреди | уреди извор]

Откако месото се отстранува од маринадата, прво се пржи во масло или сало, а потоа се става со маринадата во покриена чинија да се пече. По варењето четири часа или повеќе, маринадата му дава вкус на печењето и, како што се готви месото, се ослободуваат и соковите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The American Heritage Dictionary of the English Language (4th Ed.). (2006)
  2. Sheraton 1965, p.147.
  3. Saekel 2005, F-5.
  4. 4,0 4,1 Hassani 2004, p.156.
  5. Schmidt 2003, p.94.
  6. Mitchell 1953, p.106.