Мајчина душичка
Родот на мајчината душичка, (науч. Thymus), содржи околу 350[1] видови на ароматични многугодишни растенија и полугрмушки високи до 40 см, кои припаѓаат на фамилијата на усноцветните растенија. Членовите потекнуваат од умерените региони на Европа, Северна Африка и Азија. Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4-20 mm и најчесто ароматични. Цветовите се групирани во густи терминални главички, со нееднаква чашка, кај која горната усна е троделна, а долната е расцепена. Венчето е цевчесто, долго 4-10 мм, бело, розево или лилјаково.
Неколку видови од овој род се култивираат како кулинарски билки или украсни растенија. Најпознат вид е Thymus vulgaris, односно обична мајчина душичка.
Видовите од родот на мајчина душичка се користат како храна од страна на ларвите на некои пеперутки (Chionodes distinctella) и тврдокрилците C. lixella, C. niveicostella, C. serpylletorum и C. struella, од кои последните три се хранат исклучително со мајчина душичка.
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ „Thymus Linnaeus“. „Flora of China“. http://www.efloras.org/florataxon.aspx?flora_id=2&taxon_id=132935.
- L. H. Bailey; Manual of Cultivated Plants.