Коријандер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коријандер
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Angiosperms
Класа: Eudicots
Ред: Apiales
Фамилија: Apiaceae
Род: Coriandrum
Вид: C. sativum
Биномен назив
Coriandrum sativum
L.

Коријандер (Coriandrum sativum), исто така познат и како Кинески магдонос [1], е едногодишно растение во фамилијата Apiaceae. Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдонос, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светло браон до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис.

Етимологија[уреди]

Зборот коријандер за прв пат се појавува во Англискиот јазик во втората половина на 14-тиот век, а потекнува од старофранцускиот збор coriandre, кој доаѓа од латинскиот збор coriandrum,[2]

Употреба[уреди]

Исушени плодови на коријандер

Како зачин се користат и листовите и плодовите. Додека во Европа најчесто се користат плодовите, во Јужна Америка и Азија предност има листот на коријандерот. Специфичниот вкус на листот бара одредено привикнување поради неговиот остро-горчлив вкус. Листовите на постарите билки можат да се користат за салати и како додаток на јадења од сирење. Семето вообичаено користи во теста, пецива, во рецепти кои содржат зелје, тиква и слични состојки. Одлично е како додаток на јадења од дивеч, чорби, јадења од свинско и јунешко месо, а оди и во рецепти со зелка и печурки. Познато е благотворното дејство што коријандерот го има во поцесот на варење на храната, па поради тоа е препорачливо да се додаде во било кое “тешко“ јадење. Освен како додаток за солени јадења, може да се употреби и при подготовка на слатки како компоти, божиќни колачи (Lebkuechengewuerz), маринади, коктели, а познато е и пивото Госа во кое исто така се додава коријандер. [3]

Слични растенија[уреди]

Цветови на Coriandrum sativum

Наведените растенија се користат скоро на истиот начин како и кориандерот во подрачјата каде што се одгледуваат.

  • Eryngium foetidum има сличен вкус и е познат како culantro. Расте во Мексико, Јужна америка и на Карибите.[4]
  • Persicaria odorata најчесто се нарекува Виетнамски коријандер, или rau răm. Листовите имаат слична арома и вкус. Растението спаѓа во групата Polygonaceae, или во фамилија на леќа.[4]
  • Papaloquelite е народното име на Porophyllum ruderale подвид macrocephalum, член на Compositae или Asteraceae, односно спаѓа во фамилијата сончогледи. Ова растение расте на големо подрачје, почнувајќи од Тексас па се до Аргентина.[4]

Лековитост[уреди]

Кориандерот содржи антиоксиданти, кои можат да го одложат или спречат расипувањето на храната која е зачинета со ова растение. Истражувањата покажуваат дека и листовите и семињата содржат антиокситанди, меѓутоа количината што може да се најде во листовите е значително поголема.[5]

Хемикалиите што се добиваат од листовите на коријандерот имаат антибактериски својства кои се добри за борба против Salmonella choleraesuis.[6]

Коријандерот има голема примена во народната медицина особено како средство против анксиозност(вознемиреност) и несоница[7]

Во традиционалната медицина коријандерот често се се користи за подобрување на функцијата на дигестивниот систем и за намалуваже на гасовите во желудникот.[8][9]. Коријандерот исто така е познат како традиционален лек за дијабетес.[10]

Наводи[уреди]

  1. „dhania“. „Oxford Advanced Learner's Dictionary“. http://oald8.oxfordlearnersdictionaries.com/dictionary/dhania. 
  2. Charlton T. Lewis. „coriandrum“. „A Latin Dictionary“. http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus%3Atext%3A1999.04.0059%3Aentry%3Dcoriandrum. 
  3. „Коријандер“. „Migusto.mk“. http://migusto.mk/%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D1%80/. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Tucker, A.O. & T. DeBaggio. 1992. Cilantro Around The World. The Herb Conpanion. Ap.-May. pgs 36-41.
  5. doi:10.1016/j.foodchem.2004.01.047
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  6. doi:10.1021/jf0354186
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  7. Emamghoreishi M, Khasaki M, Aazam MF (2005). „Coriandrum sativum: evaluation of its anxiolytic effect in the elevated plus-maze“. „Journal of Ethnopharmacology“ 96 (3): 365–370. doi:10.1016/j.jep.2004.06.022. PMID 15619553. 
  8. „Coriander“. PDRHealth. архивирано од оригиналот на 1 јуни 2007. http://web.archive.org/web/20070601175355/http://www.pdrhealth.com/drug_info/nmdrugprofiles/herbaldrugs/100860.shtml. конс. 18 јули 2007. 
  9. „Herbs for the Prairies:Coriander“. Saskatchewan Herb and Spice Association. архивирано од оригиналот на 18 август 2007. http://web.archive.org/web/20070818114016/http://paridss.usask.ca/specialcrop/commodity/herb_spice/tour/coriander.html. конс. 18 јули 2007. 
  10. doi:10.1017/S0007114599000392
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно

Надворешни врски[уреди]