Зандан куле - Битола
Зандан куле | |
---|---|
Поглед на Зандан куле | |
Општи податоци | |
Вид | кула, затвор |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Битола, Општина Битола |
Земја | Македонија |
Зандан куле — објект што се наоѓа во југозападниот дел на Битола, поточно во дворот на основното училиште „Стив Наумов“. Точни историски податоци не постојат, но првобитната намена за што била изградена, не е таа што го носи името „Зандан Куле“[1][2][3].
Изградба
[уреди | уреди извор]Кулата била изградена од бег за лична заштита. Бегот во кулата ја чувал својата лична библиотека која опстојала до 1863/64 година кога Хисни-паша, битолскиот валија, злоупотребувајќи ја својата положба ги однел со себе[2]. Подоцна била претворена во затвор од страна на турските власти кога биле револуционерните движења во Македонија, односно, пред Илинденското востание во неа биле затворени македонски револуционери. Оттука го добила и називот „Зандан куле“.
Изглед
[уреди | уреди извор]Градена е од обичен камен и е мала по димензии. Затоа и го носи името „Зандан куле“. Во основата е правоаголна со димензии 6,50x5,35 m, дебелината на ѕидовите е од 1,08 до 1,22 метра која во повисокиот дел се стеснува на 0,98 метра. Висока е 10,95 метра. Влезот е на југозападната страна, се наоѓа на височина од 2,3 метра и бил достапен со дрвена скала. Прозорците се тесни, горниот дел на лаковите им украсени со тули и се заштитени со железни решетки.
Претворање во затвор
[уреди | уреди извор]Кога кулата била претворена во затвор, во нејзината внатрешност биле извршени неколку адаптации: се направиле две ќелии од кои едната е во приземјето, а другата на катот. Под покривната конструкција се наоѓа соба за стражарите. Кулата имала и пушкарници за одбрана од напади, а по внатрешните сидини и до денес се зачувани турски натписи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980
- ↑ 2,0 2,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 30. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 10 март 2019. - ↑ Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 291, 298–299. Посетено на 10 март 2019.