ЖС „Чашка“

Координати: 41°38′50.25″N 21°41′36.80″E / 41.6472917° СГШ; 21.6935556° ИГД / 41.6472917; 21.6935556
Од Википедија — слободната енциклопедија
ЖС „Чашка“
Поглед на железничката станица (сликана од воз)
Општи информации
МестоЧашка
Општина Чашка
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииСкопјеБитола
Колосеци3
Услуги
Претходна станица Македонски железници Следна станица
Стари Град Коридор 10 Тополка
кон Велес
Локација
ЖС „Чашка“ is located in Македонија
ЖС „Чашка“
ЖС „Чашка“
Локација во Македонија

Железничка станица „Чашка“ — железничка станица во селото Чашка, Македонија. Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на еден кат. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, издигната на рид, покрај патот кој води до самото село. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата СкопјеБитола.

Во железничката станица повеќе не работи самата билетарница и дел од самата градба се користи како станбен простор, но сепак во станицата работи отправник на возови, кој ги управува возовите што поминуваат низ самата станица.

Железничката станица „Чашка“ е оддалечена 65,2 километри од главната железничка станица во Скопје.

Обнова[уреди | уреди извор]

Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Чашка, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блажевска, Светлана (2 ноември 2014). „Градени во турско, сега ќе добијат европски лик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 22 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°38′50.25″N 21°41′36.80″E / 41.6472917° СГШ; 21.6935556° ИГД / 41.6472917; 21.6935556